Познати „машки спонзоруши“ кои ги искористија парите и славата на нивните поранешни партнерки
- Детали
- недела, 26 ноември 2023
Кевин Федерлајн, бившиот на Бритни Спирс, но и Дин Мекдермот кој мислел дека ќе допре до огромното богатство на таткото на Тори Спелинг – кои поранешни партнери за славните жени јавноста ги смета за „машки спонзоруши“ бидејќи ги искористиле нивните пари и слава за свои цели?
„Спонзоруша“ е погрден збор кој се користи за жени кои ги искористуваат нивните партнери за пари.
Но, факт е дека постојат и мажи кои го прават истото.
Повеќето од најпознатите жени во светот се милионери, па не е ни чудно што некои од нив налетале на вакви мажи.
Дел од овие мажи ја искористиле популарноста на партнерките за да ги лансираат своите кариери, а некои успеале да земат голем дел од нивното богатство по разводот, најмногу бидејќи жените не направиле предбрачен договор.
Бивши на познатите дами кои јавноста ги гледа ако „машки спонзоруши“:
Рафаело Фолиери – бившиот на Ен Хатавеј
Ен Хатавеј и Рафаело Фолиери беа заедно речиси четири години и, според фановите, тој беше невообичаен избор за актерката бидејќи не е јавна личност.
И, кога сите помислија дека ќе стапат во брак, Фолиери беше уапсен за крадење 50 милиони долари од милијардерот Роналд Бурк, но и од Римокатоличката црква.
Штом скандалот изби во јавност, актерката веднаш стави крај на врската, а Фолиери беше депортиран во затвор во Италија.
Јавноста, пак, се убеди дека бил со Хатавеј само поради нејзините пари, а постојат гласини дека планирал да украде и од неа.
Гај Ричи – поранешниот сопруг на Мадона
Режисерот и Мадона беа во брак осум години, а благодарение на пејачката, Ричи почна да се прославува.
Кога се разделија, Мадона му исплати огромна сума – помеѓу 76 и 92 милиони долари – бидејќи немаа предбрачен договор.
Додека самиот режисер изјавуваше дека нивниот брак бил добар, според пријателките на Мадона, тој не бил ништо повеќе од „обична машка спонзоруша“.
Дин Мекдермот – бившиот на Тори Спелинг
Иако денес има финансиски проблеми, Тори Спелинг потекнува од мошне богато семејство – богатството на татко ѝ се проценува на околу 500 милиони долари.
Кога се венча со Дин Мекдермот, тој беше актер кој немаше некој голем успех, но благодарение на неа ова се промени.
Сепак, се дозна дека татко ѝ ѝ оставил на Тори само 800.000 долари во наследство, а со сопругот се разведе по 18 години заедно.
Кевин Федерлајн – поранешниот сопруг на Бритни Спирс
Кевин Федерлајн дефинитивно важи за најголемата „машка спонзоруша“ во светот на шоу-бизнисот.
Тој се венча со Бритни кога таа беше на врвот на кариерата, додека тој работеше како нејзин танчар.
На крај, тие се разделија, а Кевин се избори за старателство над децата, поради што Бритни му плаќа 20.000 долари месечно како алиментација.
Фановите на пејачката се убедени дека единствената цел на Кевин била да живее „на грбот“ на Бритни – слично како нејзиниот татко.