Анксиозноста претставува природна реакција на вашето тело на стрес, која се манифестира на различни начини. На пример, едно лице може да доживее чувство на немир во стомакот, друго лице може да има напади на паника, кошмари или пак црни мисли. Анксиозноста се третира со когнитивна бихевиорална терапија, одредени лекови како антидепресиви и седативи, но постојат и неколку начини каде самите можете по природен пат да си помогнете во борбата против истата.