A1 Net Protect, производ за заштита од закани на интернет

Во дигиталниот свет во кој живееме, каде што технологијата станува сè пософистицирана, сè пософистицирани стануваат и заканите додека сме онлајн (преку мобилен телефон, лаптоп, таблет, итн.) и секој може да стане жртва на сè покомплексните шеми на сајбер-напади.

a1-net-protect-proizvod-za-zashtita-od-zakani-na-internet-01.jpg

Опасностите на интернет се можни не само на нашите лаптопи и персонални компјутери, туку и на мобилните телефони, каде што всушност корисниците го поминуваат и најголемиот дел од времето на интернет.

Поради ова, важно е да останеме соодветно заштитени и затоа А1 Македонија го воведе сервисот A1 Net Protect, кој обезбедува уникатна заштита од закани на интернет со цел корисниците да бидат безбедни додека користат секакви уреди. Без оглед дали е тоа дома или во движење. За тоа што претставува А1 Net Protect и зошто А1 Net Protect, разговараме со Јане Плавевски, менаџер на одделот за развој на нови бизниси, Емилија Мицкоски, маркетинг експерт, и Томе Миладиновски, менаџер за САТ-решенија во А1 Македонија.

a1-net-protect-proizvod-za-zashtita-od-zakani-na-internet-02.jpg

П: Што е А1 Net Protect?

Јане: A1 Net Protect е услуга што го заштитува мобилниот уред од најразлични сајбер-закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци, малвер-софтвери и нуди безбедност на мрежно ниво, а тоа го отежнува пристапот на напаѓачите до податоците на мобилниот уред. Со ова, додека корисникот е поврзан на мобилната мрежа на А1, услугата автоматски ги детектира и ги блокира небезбедните веб-страници и апликации, при што праќа известување за детектирана закана на интернет.

A1 Net Protect функционира директно преку мобилната мрежа на А1 Македонија (и останати роаминг-партнери) и нема потреба за инсталација на никаква дополнителна апликација или софтвер. Доколку корисникот инсталира или сака да пристапи до некоја веб-страница што е опасна и може да содржи вируси или друг тип малвери, A1 Net Protect го блокира пристапот и го известува корисникот дека апликацијата/веб-страницата може да му наштети.

Оваа услуга е дел од заложбата на А1 Македонија на своите корисници да им го обезбеди најдоброто корисничко искуство на најбрзата мрежа.

П: Зошто А1 Net Protect?

Емилија: Сите ние поминуваме сè повеќе време онлајн поради комуникација, работа, забава, итн., а тоа со себе носи и ризици. Општеството е свесно за опасностите што постојат на интернет, но потребно е да се направи повеќе со цел да се заштити.

П: Од што обезбедува заштитата A1 Net Protect?

  • Phishing – Обид да се преземат лични податоци за лице преку лажна електронска адреса или веб-страница, односно обид за кражба на идентитет.
  • Malware – Малициозен софтвер што навлегува во мобилниот уред и предизвикува штета.
  • Botnets – Злоупотреба на мобилниот уред за праќање спам, вируси или лични податоци без да забележите.
  • Spamsites – Веб-страници што прикажуваат лажни реклами, кои ветуваат, на пример, дополнителни бенефити, попусти, награди или поволни цени.
  • Compromised – Хакирани веб-страници што се користат за дистрибуција на малициозен софтвер.
  • Cryptomining – Генерација на дигитални валути (на пример, биткоини). Напаѓачите се обидуваат да „копаат“ дигитални валути со помош на корисничкиот уред и без знаење на корисникот. Уредот станува побавен и троши повеќе електрична енергија.

П: Може ли да направите пресек за интересот од страна на корисниците и потребата од А1 Net Protect од воведувањето досега?

Јане: Уште во првите 2 месеца по неговото воведување, новиот врвен производ за сајбер-безбедност на А1 Македонија веќе ја докажа својата вредност. Блокираше 3.000 закани што можеа да им наштетат на корисниците. Од сите претплатници на A1 Net Protect, повеќе од 8 % од уредите имале безбедносен инцидент. Повеќето од нив беа поврзани со малициозен софтвер, како и со закани за кражба на идентитет, кои обично користат електронска пошта, текстуални пораки или апликации.

Преку веб-порталот на A1 Net Protect, корисниците имаат целосен увид во тоа од што ги заштитил сервисот, но може и дополнително да подесат какви известувања и извештаи сакаат да добиваат. Порталот е достапен на 3 јазици: македонски, албански и англиски.

a1-net-protect-proizvod-za-zashtita-od-zakani-na-internet-04.jpg

П: Кои се другите функционалности на А1 Net Protect?

Томе: Покрај можноста за заштита кога се користи мобилен интернет, А1 Net Protect нуди и можности за корисниците дополнително да подесат од какви веб-страници или апликации сакаат да бидат блокирани:

  • Возрасни: веб-страници/апликации со содржина за возрасни;
  • Криминал: веб-страници/апликации со насилни содржини;
  • Реклами: веб-страници/апликации за рекламирање.

a1-net-protect-proizvod-za-zashtita-od-zakani-na-internet-05.jpg

Овие поставки се достапни за активација преку веб-порталот на A1 Net Protect.

П: За кого е наменет А1 Net Protect?

Емилија: За сите оние што сакаат да ги заштитат своите лични податоци, да се заштитат од измами или сомнителни електронски пораки, за корисниците што сакаат да ги заштитат децата да не посетуваат инфицирани страници или за оние што сакаат да го заштитат новиот телефон од вируси на интернет.

П: Кој е начинот на активација и дали има поволности во промотивниот период?

Томе: Да бидеме заштитени додека користиме мобилен интернет во денешното време значи многу. Во првиот месец од активацијата, А1 Net Protect е достапен за 0 денари, а потоа чини помалку од една шолја кафе, 29 денари месечно.

Услугата A1 Net Protect може да биде активирана преку СМС-порака со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт-центарот на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg