Како да користите клима-уред во зима?

Зимата е тука, а исто така и студот. И колку и да уживаме да шетаме сред зимската идила, да правиме снешко, да скијаме и да се санкаме, нема ништо поубаво од тоа да се вратиме во нашиот топол дом и да се свиткаме под ќебето за да поминеме пријатна и топла ноќ.

kako-da-koristite-klima-ured-vo-zima-01.jpg

Дали знаевте дека тоа задоволство може да ви го овозможи  клима-уредот?  За да ви покажеме зошто клима уредот е толку одличен избор за во зима, дадовме неколку одговори на Ваши конкретни прашања.

Дали секој клима-уред може да го користите во зима?

Тоа зависи од типот на вашиот клима-уред и од околината. Проверете го упатството за да бидете сигурни дека клима уредот работи на ниски температури до -15°C /-20°C и уверете се дека температурата не е под онаа што е наведена во упатството.

За што можете да користите клима-уред во зима?

-Ако вашиот клима-уред располага со режим за греење, тогаш може да го користите за загревање на вашиот дом.

-Клима-уредите исто така ја отстрануваат влагата од воздухот, но сепак не се толку ефикасни како одвлажнувачите. Ако сакате навистина да се ослободите од кондензацијата на  внатрешната страна на прозорецот и да спречите појава на мувла во вашиот дом,  Hisense клима-уредот што работи и како одвлажнувач може да го постигне тоа.

Како го користите клима-уредот во зима?

Прво, проверете дали вашиот клима уред е поставен на режим на греење, поставете ја температурата и брзината на вентилаторот, проверете дека нема ништо што го блокира протокот на воздух за да може рамномерно да се распредели топлината и клима уредот да работи правилно. Чувајте ги собните врати затворени за да спречите загуба на топлина – особено ако не ја загревате секоја соба (иако се препорачува да ги загревате сите за да спречите појава на мувла). Држете ги затворени и прозорците, но имајте на ум дека сепак ќе треба да ги отворате секој ден околу 10 минути за да навлезе свеж воздух. Повторувајте го ова еднаш дневно.

Која температура треба да ја поставите?

Се препорачува температурата што вашиот клима уред треба да ја постигне во вашиот дом во зима да биде помеѓу 18°C и 22°C и помеѓу 20°C и 22°C доколку имате бебе. Истото се препорачува  ако внатре во домот чувате куче, иако тоа зависи и од неговата големина, раса и крзно. Без оглед на температурата што сте ја поставиле, се препорачува да ја намалите при спиење. Најдобра температура за возрасни лица при спиење е помеѓу 15°C и 20°C.

kako-da-koristite-klima-ured-vo-zima-02.jpg

Дали е скапо да се користи клима-уред во зима?

Ова зависи од вашите потреби, од околината и од цените на енергенсите во вашата земја. Но, клима уредите Hisense имаат функција I Feel што ја намалува потрошувачката на енергија и Ви помага да заштедите пари. Тоа го прави така што ја зема во предвид околната температура и ја приспособува, и тоа резултира во максимален комфор.

Доколку размислувате да одберете клима-уред која ќе одговара на сите ваши потреби, Hisense го има вистинскиот модел за вас. Easy smart клима-уредите се дизајнирани да Ви овозможат најдобро можно корисничко искуство што ќе ги надмине вашите очекувања, дури и кога вложувате значително помала сума на пари отколку што сте очекувале за овој квалитет. Hisense Ви овозможува долговечност, сигурност и иновација, која ја гарантира со својата 3 годишна целосна и бесплатна гаранција.

Easy smart: Достапен модел со одлични перформанси

Моделот под назив Easy smart е совршен пример на идеален клима-уред, со одличен однос на цена  и квалитет. Доколку се одлучите за него, ќе добиете паметен инвертер клима-уред кој е повеќе од идеален, а во исто време по цена која е најниска на пазарот од тој ранг на клима-уреди.

kako-da-koristite-klima-ured-vo-zima-03.jpg

Кога станува збор за заштеда на енергија, овој инвертер клима-уред припаѓа на енергетска класа на ладење А++. Согласно вашите потреби, можете да одберете модел со моќност од 3.5 kW, 5.0 kW И 7.0 kW.

Овој клима-уред со својата 3Д инвертер технологија и со внатрешниот канал за воздух и напредни ребра, ја поттикнува енергетската ефикасност и ја намалува потрошувачката на електрична енергија за дури 30%, па дури и до 70% во споредба со заштедата кај стандардните клима-уреди.

И за крај, ако сакате да имате идеална температура во домот или во канцеларија дури и кога не сте таму, тоа можете да го постигнете со управување на овој клима-уред преку вашиот мобилен телефон поврзан на Wi-Fi мрежа.

Само до 25.02.2022 година, за сите кои ќе се одлучат за Easy Smart моделите на Hisense, следува и подарок Wi-Fi модул за далечинска контрола.

Повеќе информации за Hisense и за клима уредите погледнете тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg