Дали ви е потребно прочистување на дигестивниот систем?
- Детали
- среда, 02 февруари 2022
После цел месец празници и уживање во разновидна, пред се мрсна и високо-калориска храна, организмот реагира преку дигестивниот систем. Преоптоварениот дигестивен тракт поради нездравата исхрана може да создаде сериозни здравствени проблеми како и постојано чувство на замор и надуеност. Затоа потребно е да се препознаат симптомите и да се смени исхраната со онаа што има позитивно влијание врз целиот организам.
Благите супи од различен зеленчук, пиење до 4 литри вода дневно, а уште е подобар ефектот ако ја комбинирате со лимон, се првите работи што се препорачуваат. Посебно избегнувајте кисела храна и газирани пијалаци. А со стресот справете се со одмор и доволно сон, коишто се предуслов за нормално функционирање на сите процеси во организмот, а со тоа и на дигестивниот тракт. Обидете се целосно да ги исфрлите квасецот и шеќерот од вашата исхрана, бидејќи создаваат непријатна надуеност која може да потрае.
Свежата и сирова храна е одлично решение за оние кои имаат проблем со дигестивниот систем и одлично го чисти. Исто така, растителните влакна се препорачуваат за чистење на организмот, а освен тоа се застапени во многу видови храни и се исклучително здрави.
Доволното внесување вода на дневна основа е важно за ефикасен и здрав дигестивен систем, па затоа треба да ги замените газираните пијалаци и прекумерните количини кафе со вода или дури и зелен чај доколку ви е потребен кофеин. Но, пиењето вода веднаш по оброкот треба да се избегнува. Почекате најмалку два часа пред да пиете течности после оброк.
Избегнувајте да грицкате храна надвор од планираното мени за тој ден, бидејќи тоа често се прави од досада и претставува сериозен товар за телото и дигестивниот тракт. Користете пребиотска и пробиотска храна, бидејќи тие го спречуваат воспалението во цревата, а истовремено придонесуваат за оптимално функционирање на сите процеси во организмот. Пробиотиците имаат посебно корисен ефект врз цревата и дигестивниот систем, како и заштитна функција за одржување чиста цревна флора и хранење на добрите бактерии, а пребиотиците претставуваат храна за пробиотските бактерии.
Храна со ваков ефект врз организмот и врз дигестивниот систем е функционалниот јогурт Баланс+, чии позитивни ефекти се клинички докажани, па лекарите го препорачуваат како составен дел од секој оброк којшто придонесува за подобро расположение, побрз метаболизам и секако нормално функционирање на дигестивниот систем. А надуеноста и други проблеми поврзани со дигестивниот систем ќе исчезнат.
Здравјето и виталноста на организмот во голем дел зависи од здравите навики, а дел од тоа е и правилната исхрана. Денеска достапна е разновидна храна којашто е во служба на здравјето, потребно е само да се сменат секојдневните навики.