Првиот Селфи музеј во нашата земја во Скопје Сити Мол

Скопје, 4 февруари 2022г. – Денес се отвори првиот Селфи музеј во нашата земја во Скопје Сити Мол. Посветен на современата визија на автопортретот и љубителите на социјалните мрежи, Селфи музејот е простор од 250м2 дизајниран со интересен ентериер и 18 различни содржини на кои посетителите ќе може да создаваат уникатни фотографии и видеа за социјални мрежи.

prviot-selfi-muzej-vo-nashata-zemja-vo-skopje-siti-mol-01.jpg

Селфи музејот во Скопје Сити Мол е направен по примерот на Селфи музеите низ светот и нуди содржини пригодни за сите возрасти и различни интереси. Посетителите може да се фотографираат и забавуваат, во друштво или сами со оглед на тоа има поставено триподи за самостојно фотографирање, како и лице задолжено за поддршка на посетителите.

„Ги следиме светските трендови и секогаш нудиме незаборавни искуства за посетителите од сите генерации – за шопинг, дружба и забава. Со Селфи музејот, сместен на 1 кат во Скопје Сити Мол им овозможуваме на посетителите да направат сопствени уникатни фотографии за социјални мрежи и да се забавуваат во омилениот трговски центар. И во годината кога Скопје Сити Мол го слави десеттиот роденден остануваме посветени да им обезбедиме на нашите посетители, партнери и пријатели сѐ што им треба на едно место.“ - изјави Дамјан Корубин маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Селфи музејот во Скопје Сити Мол е со времен карактер, односно ќе биде отворен до 10 март оваа година, секој ден од 10.00 до 22.00 часот, односно во недела до 20.00 часот. Заради мерки за заштита од Ковид-19 дозволен број на посетители во исто време е 15.

Цената на влезницата е симболична 100 денари, или 360 денари за 4 посетители.

Повеќе информации се достапни на skopjecitymall.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg