Минерална вода Велинград Алкалија - за рН рамнотежа во организмот!
- Детали
- вторник, 01 февруари 2022
Поминувајќи низ минутите и часовите од денот, постојано е потребна енергија и свежина која ќе ве одржува активни и здрави. Правилната хидратација и оптималниот внес на вода се исклучително важни за вашето тело, бидејќи на тој начин ги одржувате виталните функции, го освежувате телото и му помагате на организмот да ги исфрли токсините. Изборот на идеална вода за секојдневна консумација може да биде тежок, но нашиот прв избор секогаш е Велинград Алкалија!
Дали знаете дека човековото тело е составено од 75% вода? Тоа значи дека како и нашата планета Земја – исто така и нашиот мозок, нашите тела се придвижени од водата. Поради тоа, експертите потсетуваат на важноста на редовната хидратација, со цел да се надополнат залихите на течности кои ги губиме во текот на денот.
Но, правилната хидратација претставува и консумирање на чиста, свежа и здрава вода која е добра за вашето тело. Во недопрената природа на југот од сосесна Бугарија, на 1.200 метри под нивото на земјата се наоѓа изворот „Велинград-Чепино“, од каде доаѓа и водата Велинград Алкалија. Уникатното потекло на водата значи дека ја има таа посакувана, природна чистота - парче природа наточена во шише.
Обичната вода за пиење има pH вредност од 7, додека нивото на Велинград Алкалија достига pH вредност од 9,36. Поради исклучително корисната pH вредност, алкалната вода е одлично „оружје“ во битката за прочистување на организмот. Подобра хидратација носи придобивки за телесните системи и функции и токму затоа е толку важно да се најде баш онаа, вистинската вода. Пиењето на Велинград Алкалија ќе ви помогне да се освежите, да го забрзате метаболизмот и ќе ви помогне да ја намалите киселоста во организмот, што ја прави идеална за секојдневна употреба.
Наточувајќи ја во чаша, флашираната минерална вода е најлесниот начин да се вкуси природата. Ништо не може да се спореди со освежителниот вкус на чистата природна вода, особено планинската вода, која обично потекнува од извори стари илјадници години. Што постар е изворот – значи дека и водата поминала подолго време збогатувајќи се со минерали и својства кои благотворно делуваат на човековото здравје. Таа дава витална енергија, ја стимулира добрата работа на метаболизмот, го регенерира и подобрува здравјето, додека истовремено го освежува телото. Затоа, придобивките од пиењето на чиста и природна алкална вода се бројни и таа е практично незаменлива за сите луѓе кои се обидуваат да водат здрав и исполнет живот. Велинград Алкалија водата e совршен придружник во вашите дневни активности!
Благодарение на современите технологии и современите практики, природната минерална вода сега е достапна за секого, без разлика дали живее во село или град, на планина или во урбана средина. Внесете свежина во вашиот ден со Велинград Алкалија! Од душата на планината!