6 природни начини како да ја намалите анксиозноста
- Детали
- среда, 02 февруари 2022
Анксиозноста претставува природна реакција на вашето тело на стрес, која се манифестира на различни начини.
На пример, едно лице може да доживее чувство на немир во стомакот, друго лице може да има напади на паника, кошмари или пак црни мисли.
Анксиозноста се третира со когнитивна бихевиорална терапија, одредени лекови како антидепресиви и седативи, но постојат и неколку начини каде самите можете по природен пат да си помогнете во борбата против истата.
1) Бидете активни
Редовното вежбање покрај тоа што е важно за физичкото здравје, тоа исто така е важно и за менталното здравје, затоа што може да Ви го одвлече вниманието од нешто што ве прави да се чувствувате вознемирени. Според Американската психолошка асоцијација (АПА) редовното вежбање може да доведе до зголемена концентрација и волја, што може да помогне при симптоми на анксиозност.
2) Избегнувајте алкохол
Консумирањето на алкохол на почетокот може да ја ублажи анксиозноста, поради тоа што е природен седатив, но сепак пиењето на алкохол може да ја наруши рамнотежата на невротрансмитерите кои се клучни за менталното здравје. Алкохолот може да го наруши спиењето, а добриот сон е особено корисен во борбата против анксиозноста. Алкохолот создава зависност и токму затоа потребно е истиот да се избегнува особено при состојба на анксиозност.
3) Медитирајте
Медитирањето му помага на организмот, доведува до чувство на смиреност и задоволство. Познато е дека медитацијата ги ублажува стресот и анксиозноста. Истражувањето на Институтот Џон Хопкинс сугерира дека 30 минути дневна медитација може да ги ублажи симптомите на анксиозност и да дејствува како антидепресив.
4) Ограничете го внесот на кофеин
Ако имате хронична анксиозност, кофеинот не е ваш пријател, затоа што тој може да предизвика нервоза и анксиозност. Истражувањата покажуваат дека кофеинот може да ги влоши анксиозните нарушувања, но исто така може да предизвика и напади на паника. Кај некои лица, отстранувањето на кофеин може значително да ги подобри симптомите на анксиозност. Умерениот внес на кофеин е безбеден за повеќето луѓе.
5) Наспиjте се добро
Сонот е важен за добро ментално здравје и може да го направите приоритет на неколку начини. Спиете само навечер. Не гледајте телевизија во кревет, не користете телефон, таблет или пак компјутер во кревет. Избегнувајте кофеин и големи оброци пред спиење. Чувајте ја вашата соба темна и ладна, а идете во кревет секоја вечер во исто време.
6) Откажете се од цигарите
Пушачите често посегнуваат по цигара во стресни моменти. Но, како и конзумирањето алкохол, пушењето цигара кога сте под стрес може да ја влоши анксиозноста со текот на времето. Доколку сепак не сакате да се откажете од внесување на никотин, а да не ги внесувате штетните состојки од цигарите, можете да преминете на алтернатива. Новите иновативни електронски уреди кои го загреваат тутунот го намалуваат ризикот по здравјето на пушачите и до 95% е намалена изложеноста на штетни материи. Преку оваа нова технологија нема чад од тутун, за разлика од традиционалните цигари, каде чадот е штетен и канцероген.