15 години Паком Kомпани, со поддршка и донации за заедницата

ПАКОМ Македонија прославува 15 години од своето постоење.

15-godini-pakom-kompani-so-poddrska-i-donacii-za-zaednicata-1.jpg

Првично основана во 1992, ПАКОМ во 2006та станува членка на групацијата М САН, една од најголемите хрватски ИТ компании. Денес ПАКОМ Компани е водечки дистрибутер во С. Македонија, Косово и Албанија на производи од реномирани светски производители, поделени во три сегменти: потрошувачка електроника и ИТ, портфолио од хардвер и софтвер производи, како и Vivax и MS Energy бренд за е-мобилност.

Фокусот на ПАКОМ низ годините е максимална партнерска поддршка и оптимизација на сите дистрибутивни процеси, со цел да обезбеди на партнерите непречено работење и компетитивна предност на пазарот.

Општествената одговорност е составен дел од стратегијата на ПАКОМ. Во досегашното 15 години постоење, ПАКОМ има реализирано бројни проекти за поддршка и помош на оние кои им е најпотребно, постојано во потрага по различни проекти и начини како да придонесе во развојот на сите општествени сегменти.  

„Дефинитивно, една од нашите најважни стратешки определби е поддршката на заедницата од која сме и ние дел. Свесни сме за исклучителната важност во развојот и поддршката во што повеќе сегменти. Доколку постои развој постои можноста и ние да продолжиме да растеме и да се развиваме. Им благодариме на нашите партнери и соработници за сета доверба и посветеност во изминатите годините, Паком Компани продолжува како лидер во дистрибуција за информатика и потрошувачка електроника, дистрибутер на кој нашите соработници, општество и граѓани ќе може да сметаат уште долги години. изјави г-ѓа Маргарета Гњатовиќ Спиров, Генерален директор на Паком Компани.

15-godini-pakom-kompani-so-poddrska-i-donacii-za-zaednicata-2.jpg

Во јубилејната година, ПАКОМ прославува со донации кои се насочени кон обезбедување материјална поддршка, со материјални добра односно производи на брендовите кои ги застапува, за неколку институции и поединци:

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ - Неготино
  • Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ - Скопје
  • Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на С. Македонија - Параолимписки комитет на С. Македонија
  • Проект „Вистински дела на љубезност“ реализиран од НВО „Љубезност“
  • Поддршка во материјални добра, со цел подобрување на квалитетот на животот на социјално - загрозени семејства од ранливи категории во скопската населба Шутка

Проектите и поддршката од ваков тип е секогаш поттик за нови проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот и посигурна иднина за сите.

Среќен роденден ПАКОМ!  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg