Млада компанија со импресивни резултати: Инфинити Енерџи ИТСС стана препознатлива по квалитетот

„Дигиталната иднина мора да биде достапна за сите“ – оваа идеја од Инфинити Енерџи ИТСС ја посочија како клучна од самиот почеток на нивното работење.

mlada-kompanija-so-impresivni-rezultati-infiniti-enerdzhi-itss-stana-prepoznatliva-po-kvalitetot-01.jpg

Денес, благодарение на платформата за електронско плаќање, сите јавни претпријатија и општини имаат можност значително да го унапредат нивниот систем за наплата на услуги, а со помош на веб и мобилните апликации овој процес е олеснет и за граѓаните. Меѓутоа, ова е само еден од низата проекти кои компанијата Инфинити Енерџи ИТСС успешно ги имплементираше во првата година од своето постоење, како членка на меѓународната групација Инфинити.

„Успешното позиционирање на македонскиот пазар е резултат на квалитетна и професионална работа на нашиот тим којшто на клиентите им понуди најсовремени деловни решенија“ – вели Дејан Кекеновски, директор на Инфинити Енерџи ИТСС.

„Навистина сме горди што за само една година успеавме да станеме препознатливи како компанија којашто нуди знаење и квалитет. Како резултат на тимската работа веќе имаме 15 успешно реализирани проекти, а нашата посветеност ја препознаваат и странските партнери. Во моментов работиме на голем проект за наша јавна институција со познатата американска компанија Dell“ – додава тој, објаснувајќи дека македонската компанија успешно се етаблирала благодарение и на високата стручност, поддршка и искуство на останатите членки на групацијата.  

mlada-kompanija-so-impresivni-rezultati-infiniti-enerdzhi-itss-stana-prepoznatliva-po-kvalitetot-03.jpg

„Долгогодишната успешна соработка со големите компании од светската ИТ индустрија ни овозможи цврсти почетоци како на македонскиот, така и на другите нови пазари, како што се Црна Гора, Австрија и Србија. Највисоките партнерски статуси со гигантите како што се HP, CISCO и SAP, сами по себе зборуваат за фактот дека членките на групацијата веќе се квалификувани како добавувачи од доверба со докажан квалитет“ – велат од групацијата Инфинити.

„За ова сведочи и фактот што нашата компанија во Скопје работи на еден од највлијателните проекти со американската компанија Dell. Таков договор можете да добиете само ако имате највисоки референци и ако можете да гарантирате квалитет. Исто така, Инфинити Енерџи ИТСС аплицираше за членство во Американската стопанска комора, чиј македонски огранок брои повеќе од 130 успешни деловни субјекти“ – додава Бојан Вујиќ, претседател на Управниот одбор на Infinity International Group.

mlada-kompanija-so-impresivni-rezultati-infiniti-enerdzhi-itss-stana-prepoznatliva-po-kvalitetot-02.jpg

Од македонската компанија признаваат дека најтешка и најсериозна задача им била градење на тим којшто ќе може да одговори на сите предизвици и ќе може да застане зад гаранцијата за квалитет.

„Создавањето на моќен и квалитетен тим беше наша цел уште од првиот ден. Во моментов имаме повеќе од 20 стручни лица во тимот, а планираме до крајот на годината оваа бројка тројно да се зголеми. На тој начин ќе ја оствариме нашата визија – преку иновативни решенија да го отклучиме потенцијалот на домашните компании и да бидеме еден од лидерите во изградбата на модерен дигитален јавен сектор којшто ќе биде потполно интероперабилен“, вели Кекеновски.

Без квалитетен кадар нема ниту планови ниту проекти. Токму затоа, луѓето отсекогаш биле најважниот ресурс на ниво на целата групација. Ниту двете години од пандемијата и економската неизвесност не ги спречија да отвораат нови работни места.

„Само во изминатата година на ниво на групација вработивме 100 нови стручни лица, а на таа основа добивме уште неколку стотини меѓународни сертификати. Тоа е нашата инвестиција во иднината, гаранција за раст на групацијата и освојување на нови технологии“, нагласува Бојан Вујиќ.

Со обединувањето на потенцијалите на две брзорастечки индустрии – информатички технологии и енергетика, Инфинити групацијата покажа дека со знаење и квалитет можат да се исполнат барањата на светските пазари. Токму заради тоа, во Скопје веруваат дека преку иновативни технолошки решенија ќе бидат лидери во градењето на дигитална иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg