DustMagnet за дом без прашина
- Детали
- понеделник, 07 февруари 2022
Прашината е насекаде околу нас, во воздухот, на површините, на подот. Настанува бидејќи сите материјали се распаѓаат и притоа ослободуваат микрочестици видливи и невидливи за човечкото око. Потеклото на домашната прашина е различно: текстил, пластика, дрво но најмногу се остатоци од човечката кожа и коса.
Луѓето секојдневно вдишуваат прашина откако постојат и се прилично отпорни на истата. Во суштина ја сметаме за безопасна материја но кај одредени групи може да направи сериозни проблеми. Кај децата, повозрасните лица, како и кај оние со послаб имунитет или кај лицата со алергии, по долготрајна изложеност на домашна прашина може да се појават компликации како воспаление на белите дробови, сува кашлица, влошување на хроничните состојби, алергиски реакции на кожата, очите и дишните патишта и др.
Имено децата се посебно чувствителни бидејќи постојано ги допираат површините и предметите. Детските бели дробови се недоволно развиени и почувствителни на микро-прашината. Имаат потреба од повеќе воздух, дишењето им е позачестено, а со воздухот внесуваат и повеќе прашина.
Оние кои се лично засегнати или сакаат да превенираат појава на алергија, астма, егзема и слично очајно применуваат најразлични „интернет“ мерки за намалување на прашината во домот но се но сето тоа најчесто е напразно трошење време со кое не се постигнуваат резултати.
Има ли решение за домашната прашина?
Едно од револуционерните решенија кои се нудат на пазарот, а може да даде одличен резултат со речиси целосно отстранување на прашината во затворените простории го нуди шведската компанијата BLUEAIR која ги произведува најнапредните пречистувачи на воздух на денешницата.
Најновиот модел именуван како DustMagnet е специјално конструиран да апсорбира што е можно поголем дел од прашината во секоја просторија. Како што кажува и самото име, позитивно наелектризираниот пред-филтер ги привлекува сите меки честички кои лебдат во воздухот односно има функција на магнет за прашина.
Моделот на Blueair, DustMagnet има неверојатни 99,97% ефикасност во апсорбирање на прашината. Но ги пречистува и вирусите, бактериите, мовот, првутот, мувлата и сите други познати честици со големина до 0,01 микрони.
Истиот ги неутрализира и миризбите и за само 12,8 минути го изменува целиот воздух во просторијата. Уредот има дизајн на убав скандинавски мебел со што одлично ќе се вклопи меѓу останатиот мебел во вашиот минимално уреден дом.
Со DustMagnet ќе добиете дом во кој долго време нема да видите прашина. Белите дробови на вашите најмилиќе бидат полни со чист воздух, а вие ќе добиете живот со помалку чистење и повеќе време за себе.
Проверете ја нашата понуда на filtracija.mk или во концепт продавницата на „Екотип“ на ул. Орце Николов бр. 202/3-1 спроти Машински факултет во Скопје.