Природните закони велат без акција нема реакција. Но истата добива тежина кога на секоја акција се додава љубов и посветеност. Изминатите седум дена, Арена – Борис Трајковски во Скопје беше исполнета секојдневно со бројни посетители, - и тоа не само од главниот град, - туку љубители на пишаниот збор, креативната авторска мисла, читањето, новите книги, од целата држава. Без разлика на временските услови, во изминатата седмица посетителите ја докажаа љубовта кон уживање во нови книги во рацете, - и возрасните, и младите, па и најмладите посетители беа дел од 35. Јубилеен Меѓународен Саем на книга.