Откријте зошто Protinol е клучна состојка против стареењето на кожата?
- Детали
- вторник, 09 мај 2023
Да се пронајде производ што создава убаво и луксузно чувство, кожата брзо го впива а има само минимален мирис е важно за секојдневната рутина. Вистинска награда за секоја жена која внимава на својот изглед. При тоа, да функционира беспрекорно со хидратантниот крем што обично се користи потоа, а кожата да изгледа и да биде мека цел ден.
Вградувањето на висококвалитетен производ во рутината за нега на кожата е чекор број еден за оние што се борат со знаците на стареењето. Доколку тој производ ја содржи уникатната состојка против стареење Protinol, многу е веројатно дека за кратко време ќе почувствуваме седум придобивки во напорот да се спречи процесот на стареење на кожата.
Зошто е толку ефикасен Protinolot?
Ако досега не сте слушнале за Protinol, не ве обвинуваме... се работи за технологија откриена и патентирана од страна на Авон, која набрзо станува неизоставен дел од секоја ефикасна рутина за нега на кожа.
Protinol е нежна алтернатива на ретинолот и може да помогне во справувањето со знаците на стареење без да ја остави кожата сува или иритирана.
Оваа состојка го поттикнува создавањето на колаген во телото и дава исклучително брзи резултати, а бидејќи е патентирана, ја има само во производите на Авон.
А токму Protinolot е главната состојка на производите од серијата Anew - Renewal Power серумот и новата истимена крема за околу очи.
Тие дејствуваат моќно и истовремено се многу нежни за кожата, делуваат пријатно и не создаваат иритации, а најдоброто од сѐ е што првите резултати ќе ги забележите по само седум дена!
За најдобри резултати, се препорачува комбинација на двата производи – серумот за кожа и кремата за околу очи, кои ќе ви го покажат вистинскиот ефект на „antiaging“.
Голема придобивка на овој производ е тоа што го зајакнува колагенот во кожата.
Во кожата, постојат два главни типа на колаген, познати како колаген I и колаген III, кои се подеднакво важни. Колаген III (инаку познат како „бебе колаген“) обезбедува рамка со која се врзува колагенот I.
Двата типа на колаген имаат потреба еден од друг за да функционираат ефикасно. Користење на вакви производи прават разлика бидејќи се подобрува колагенот, се хидрира, измазнува и зацврстува кожата, а лицето добива сјаен изглед.
Придобивките од овој серум на Avon се непобитни. Напредната технологија за зајакнување помага да се намалат фините линии и брчки додека еластичноста на кожата се подобрува.
Овој серум треба да се користи посветено и да се постигне неделен режим за нега на кожата, се со цел во огромна мера да се подобри целокупниот изглед на кожата.
Дополнително, серумот е хипоалергичен, тестиран на алергиски реакции и тестиран од дерматолог, што го прави погоден дури и за најчувствителните типови на кожа
Постигнувањето младешки изглед е догорочен процес, но со воспоставување на рутина за нега, многу побрзо може да се постигнат драматични ефекти.
Без разлика дали сте во дваесетите или педесетите години, производ со Protinol за борба против стареењето е секогаш добродојден додаток за секоја рутина за нега на кожата.