Моите први впечатоци со lil SOLID Ez: Полесен, во 5 бои и 3 употреби едноподруго
- Детали
- четврток, 11 мај 2023
IQOS уредите се нешто што во целост ми го промени животот во последните неколку месеци.
Веќе 9 месеци без престан ги користам и сум изненадена од промените што ги гледам кај себеси: нема повеќе кашлање, нема непријатен мирис на облеката и на косата, нема жолти нокти и жолти прсти и најважното – нема пепел насекаде околу мене. Се чувствувам попедантно, почисто, поубаво, а со тоа и посамоуверено.
Пред да почнам да го користам уредот, се чувствував непријатно, неуредно и постојано се прашував како е можно луѓето веднаш штом ќе ме видат да знаат дека сум пушач.
Пред секој состанок се облевав со парфем, надевајќи се дека така ќе ја скријам миризбата од чадот и мислев дека тоа го правам успешно. Но, откако почнав да го користам lil SOLID 2.0 сфатив дека само сум се залажувала, а придобивките што ги почувствував, ме натераа да го пробам и новиот lil SOLID Ez.
По подолго користење на претходната верзија, и неколку дена со новиот lil SOLID Ez може да се заклучи:
Кај lil уредите, ми се допаѓа нивната компактност и тоа што нема потреба да ги полните пред употреба, а сметам дека новиот lil SOLID Ez е значително подобар од старата верзија (lil SOLID 2.0). Разликите се забележителни уште од самиот изглед на уредот.
Слично, како и старата верзија, lil SOLID Ez не зафаќа премногу простор, па го собира и во мала чанта, а тоа што дозволува 3 последователни консумации, е особено практично кога сум на пауза на работното место или ако сум излезена на кафе.
Но, најважната разлика што веднаш ќе ја забележите е во поглед на самата тежина на уредот. Lil SOLID Ez е значително полесен од неговиот претходник, а тоа се чувствува веднаш.
Ние жените сакаме да имаме избор. Сакаме да имаме можност сами да ја избереме бојата што ни се допаѓа и да не се чувствуваме ограничени ниту за нијансите што ги избираме, ниту пак во поглед на движењето.
Ние сакаме секој дел од она што го носиме со себе да биде одраз на нашиот карактер, темперамент и воопшто на нас како личност.
Новиот Lil Solid Ez го нуди токму тоа. За разлика од старата верзија која доаѓаше во само две бои, lil SOLID Ez доаѓа во 5 различни бои:
- lil SOLID Ez | Black (iqos.com)
- lil SOLID Ez | Mint (iqos.com)
- lil SOLID Ez | Rose Gold (iqos.mk)
- lil SOLID Ez | Blue (iqos.mk)
- lil SOLID Ez | White (iqos.mk)
Но, најважно е тоа што lil SOLID Ez е многу полесен и позаоблен, односно поприспособен на раката.
Дополнително, ми се допаѓа и тоа што копчето на отворот се поместува полесно отколку на претходната верзија и воопшто сметам дека овој уред е многу поприлагоден на потребите на модерните жени, кои сакаат да користат IQOS уред и да учествуваат во креирањето на иднината без чад.
Овој уред овозможува до 25 користења со едно полнење, a можете да го употребувате до трипати последователно.
Овој производ не е без ризик, ослободува никотин кој предизвикува зависност. Само за полнолетни.
Преземено од iqos.com
Б. С. Б. | Црнобело