Студија покажа: Производите кои го загреваат тутунот им помагаат на луѓето да ги остават цигарите
- Детали
- четврток, 11 мај 2023
Пушачите кои немале намера да ги остават цигарите или претходно имале проблеми да ги остават, во целост преминале на помалку штетни алтернативи кои го загреваат тутунот кога им биле понудени, се резултатите од новата студија.
Првата студија од овој вид позната како CEASEFIRE опфати 220 учесници, кои во просек имале 41 година, пушеле околу едно пакување дневно и имале два претходни обиди да ги остават цигарите.
Испитаниците биле поделени во две групи по случаен избор: на едната им била дадена електронска цигара која се дополнува, а на втората производ на база на загревање на тутунот - уред што ги загрева тутунските патрони и емитува аеросол, без согорувањето кое го ослободува тутунскиот чад. Истражувачите сакаале да ја споредат ефикасноста помеѓу овие две подобри алтернативи од продолжувањето со пушење.
Во текот на 12-неделната студија, на учесниците им било на располагање и мотивациско советување.
Високи стапки на престанок и намалување на пушењето биле воочени кај двете групи испитаници, и тоа 39,1 проценти кај оние кои користеле производ на база на загревање на тутунот и 30,8 отсто за електронските цигари.
„Податоците ја потврдуваат ефикасноста на електронските цигари и здравствениот потенцијал на производите на база на загревање на тутунот за пушачите, кои во спротивност не би ги оставиле цигарите“, изјави главната авторка на студијата, Марија Сињорели.
И електронските цигари и производите на база на загревање на тутунот се подобра опција од цигарите што го согоруваат тутунот и кои предизвикуваат над 7 милиони смртни случаи во светот секоја година.
Некои учесници се чувствуваа подобро дури и во текот на овој краток период на студијата. „Забележавме напредок во издржливоста на физичката активност кај учесниците во однос на основните нивоа“, рече Пасквале Капонето, уште еден од истражувачите. „Многу пациенти во текот на првиот месец рекоа дека имаат повеќе здив и се чувствуваат помалку уморни за време на ситните, но важни секојдневни активности, како што е качување по скали или при извршување на домашните работи“.
CEASEFIRE студијата заклучува дека пружањето опција, уред заснован на загревање тутунот или електронска цигара, за луѓето кои пушат и немаат намера да престанат е многу ефикасно. Со оглед на тоа дека различни работи делуваат на различни луѓе, и двете алтернативи се основни алатки за намалување на стапката на пушење.