Видеолотарија со сертфикат од европската асоцијација на лотарии за одговорно приредување на игри на среќа

Видеолотарија Касинос Австрија  како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, се залага за одговорно приредување игри на среќа. Како одговорна компанија за приредување електронски и интернет игри на среќа,  настојуваме да влијаеме врз зголемувањето на јавната свест за ризикот од прекумерно играње.

videolotarija-so-sertfikat-od-evropskata-asocijacija-na-lotarii-za-odgovorno-prireduvanje-na-igri-na-srekja-01.jpg

Видеолотарија Касинос Австрија како одговорна компанија, континуирано работи на едукација на   играчите за опасностите кои ги предизвикува компулсивното играње. Во 2019 година  формиравме СОС тим, прв од ваков вид во нашата земја. Активирана е и СОС линија со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни лица.

Видеолотарија  секогаш нагласува дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.

videolotarija-so-sertfikat-od-evropskata-asocijacija-na-lotarii-za-odgovorno-prireduvanje-na-igri-na-srekja-02.jpg

Европската Асоцијација на Лотарии донесе одлука нашата компанија да добие сертификат за одговорно приредување игри на среќа. Добиениот сертификат е потврда за нашата посветеност и заложби за одговорно играње и едукација на играчите во препознавањето на последиците од прекумерното играње игри на среќа. Сертификатот и официјално ќе го добиеме на свеченото доделување на конгресот на Европската Асоцијација на Лотарии кој ќе се одржува од четврти до седми јуни 2023 во Шибеник.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg