Подравка подарува рачно цртани патики инспирирани од новите нудли и јутуберот Steffonator

Веројатно ова е најмодерниот спој на храна и обувки кој што сте го виделе досега, а е дел од проектот на компанијата Подравка за промоција новите производи – инстант нудли. Станува збор за рачно исцртани, уникатни патики, инспирирани од извртените нудли на Подравка, a специјално дизајнирани за најпознатиот јутубер Steffonator. Тоа не се обични патики, туку симбол на јадењето со кое се поврзуваш.

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-01.jpg

За таа цел, Подравка ги спои легендите за изработка на „custom-made“ патики кај нас, S.WithADot со познатиот јутубер Steffonator, кој воедно е и заштитно лице на оваа кампања, и ги создадоа овие персонализирани, “streetwear” #OneOfAKinds рачно исцртани патики.

Целиот дизајн на двете патики е аплициран со преку 107 часа рачна работа, со патентирани бои и патиките со нудли вклучуваат сертификат за автентичност со името на Steffonator.

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-06.jpg

Дизајните на патиките со нудли се аплицирани на еден од најпродаваните модели на патики на сите времиња, класичните Nike Air Force 1.

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-09.jpg

Од 10.05.2023 до 17.05.2023 секој има шанса да освои „custom - made“ патики со нудли, исти како на јутуберот Steffonator.

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-04.jpg

Се што треба да направите за да учествувате во дарувањето кое ќе биде организирано на инстаграм профилот на Steffonator , е да ги тагнете вашите пријатели и да очекувате дека можеби вие и Steffonator ќе бидете единствените кои ќе ја имаат шансата да носат уникатни патики со нудли од Подравка.

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-07.jpg

Победникот ќе биде прогласен во живо, на YouTube каналот на Steffonator.

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-03.jpg

И додека чекате да учествувате во дарувањето за „custom - made“патики, зошто да не направите пауза за ужинка со нудлите на Подравка?

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-10.jpg

Изберете кокошкини, говедски или пак зеленчукови нудли и вратете си ја енергијата. Потребни ви се само три минути, чинија, виљушка или стапчиња.

podravka-podaruva-rachno-crtani-patiki-inspirirani-od-novite-nudli-i-jutuberot-steffonator-12.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg