Премиерката на Република Србија ја отвора најголемата технолошка конференција – повеќе од 100 препознатливи говорници на „Tomorrow“

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ во петок (12 мај) ќе ја отвори најголемата европска технолошка конференција „Tomorrow“, која ќе се одржи од 12.05 до 14.05. во „Старк арена“ во Белград. Овој најзначаен технолошки настан ќе собере повеќе од 10.000 познавачи и љубители на блокчејн, метаверс и вештачката интелигенција, а кои ќе ги споделат своите знаења и искуства на преку 10 тематски панели и повеќе од 30 специјални воведни предавања.

premierkata-na-republika-srbija-ja-otvora-najgolemata-tehnoloshka-konferencija-povekje-od-100-prepoznatlivi-govornici-na-tomorrow-01.jpg

Веќе првиот ден е закажан панелот „Како Владата ги поддржува новите технологии“, на кој ќе говорат премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, директорот за IG и претприемништво од Кабинетот на премиерот на Република Србија, Ненад Пауновиќ и извршниот директорот на Блокчејн центарот Дубаи, д-р Марван Алзаруни.

Панелот за кој учесниците покажаа најголем интерес е една од најважните теми во моментов – зависноста од дигиталната технологија, а во организација на фестивалот EXIT. Имајќи предвид дека статистиката покажува дека оваа форма на зависност во модерното време е пред сите други, мора да си го поставиме прашањето: „Како натамошниот развој на технологијата и виртуелната реалност ќе влијае на ситуацијата во која се најдовме?“ Говорници на овој панел ќе бидат членот на легендарниот бенд „Pink Floyd“ Скот Пејџ, советничката на министерката за туризам и млади Снежана Клашња, Бојана Јевтовиќ од UNICEF, како и основачот и директор на фестивалот EXIT, Душан Ковачевиќ.

premierkata-na-republika-srbija-ja-otvora-najgolemata-tehnoloshka-konferencija-povekje-od-100-prepoznatlivi-govornici-na-tomorrow-03.jpg

Во текот на трите дена неповторливо технолошко искуство, организаторите на конференцијата „Tomorrow“ акцентот го ставаат и на промоцијата на улогата на жената во светот на современите технологии, преку панелот „Жените го предводат патот кон иднината“. Тука ќе говори и претседателот на блокчејн иницијативата на Србија, Емилија Вуковиќ.

На конференцијата ќе има преку 100 меѓународно признаени говорници и презентери, меѓу кои е важно да се истакнат предавањата што ќе ги одржат наградуваниот режисер и најпродаван автор на „New York Times“ Јан Халперин, прославениот европски економски експерт Ервин Володер, принцезата на метаверсот Кристина Јан Занг, a како регионални технолошки ѕвезди кои ќе одржат свои презентации се најавени ко-основачот на ECD, Александар Матановиќ и светски познатиот економист и брокер, Владимир Ѓукановиќ.

premierkata-na-republika-srbija-ja-otvora-najgolemata-tehnoloshka-konferencija-povekje-od-100-prepoznatlivi-govornici-na-tomorrow-05.jpg

Белградската „Tomorrow“ конференција, која е втора по ред, следи по вистинскиот технолошки спектакл во Дубаи, кој се одржа пред повеќе од 12.000 илјади учесници, во февруари 2023 година. Конференцијата беше домаќин на повеќе од 80 меѓународно признаени индустриски лидери кои зборуваа за најновите трендови во современата технологија.

Билетите за белградската конференција „Tomorrow“ се продаваат по повластени цени на www.tmrwconf.net.

premierkata-na-republika-srbija-ja-otvora-najgolemata-tehnoloshka-konferencija-povekje-od-100-prepoznatlivi-govornici-na-tomorrow-04_copy.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg