Спасен Силјаноски: Само еден колега искрено ми честиташе за „Ќе ти дојдам“
- Детали
- среда, 10 мај 2023
Во минатонеделната епизода на „Нешто конкретно“ се дружевме со Спасен Силјановски, Татјана Стојановска, Елена Јовческа и Имер Селмани. Зборувавме на тема дали почитувањето е дисциплина која изумира.
Политика, музика, телевизија, какви се колеги може да се сретнат во овие професии и постои ли љубомора меѓу нив за успесите што ги оствариле. Спасен говореше искрено на оваа тема. Имено, неговиот хит „Ќе ти дојдам вечер“ стана вирален на социјалната мрежа Тик-ток па го прашавме дали колегите му честитале за тој успех, тој одговори дека имало честитки, но како единствен колега кој што искрено му се радува на неговите успеси го издвои Благоја Груевски.
Како е да се биде жена која е единствена по својата професија - професионален свирач на гајда? Елена Јовческа ќе каже воопшто не е лесно. На почетокот кога одлучила да се занимава со тоа немала поддршка ниту од својата мајка која и кажала дека е ненормална што донела таква одлука. „Мускулите на лицето ми се изобличени од што е тешко“, вели Елена за искуството со овој инструмент.
Како е таму во телевизијата? Татјана Стојановска ќе каже дека непочитување и љубомора постои и во медиумите како и во секоја друга професија, но за себе лично вели дека е задоволна од тоа колку е почитувана како во медиумите така и надвор од нив токму поради својата професија.
Имер Селмани како бизнисмен, но и како политичар изјави дека углед во политиката се стекнува многу потешко отколку во бизнисот. „Взаемната почит чуда прави“ вели тој и смета дека никој ништо не може да изгуби ако на старт се однесува со почит кон соговорникот во било која професија.
Целата епизода погледнете ја на нашиот YouTube канал и не заборавајте да ја погледнете следната веќе во недела од 17.00 часот на Телма.