Роверот Perseverance ги испрати првите фотографии од површината на Марс и кратерот Jezero

После патувањето од речиси 500 милиони километри кое траеше околу половина година, роверот Perseverance безбедно слета на површината на Марс, а само неколку минути подоцна пристигнаа и првите фотографии.

roverot-perseverance-gi-isprati-prvite-fotografii-od-povrshinata-na-mars-i-kraterot-jezero-01.jpg

Вчера роверот на НАСА ја почна потрагата по живот на црвената планета, а кратко по пристигнувањето ги испрати и првите фотографии од нејзината површина. Роверот слета во кратерот Jezero, а досега од НАСА споделија само две фотографии.

Фотографиите се црно-бели и со полош квалитет, но само затоа што се направени со камерите кои служат за навигација на роверот, а и бидејќи од нив уште не е тргната заштитната обвивка.

roverot-perseverance-gi-isprati-prvite-fotografii-od-povrshinata-na-mars-i-kraterot-jezero-03.jpg

На првата испратена фотографија, покрај површината на Марс, се гледа и дел од сенката на роверот.

roverot-perseverance-gi-isprati-prvite-fotografii-od-povrshinata-na-mars-i-kraterot-jezero-02.jpg

Од НАСА велат дека наскоро можеме да очекуваме уште фотографии со многу подобар квалитет.

Роверот кој тежи околу 1.000 килограми и е голем колку автомобил, неколку недели ќе биде тестиран пред да започне неговото истражување на Марс. Како што велат од НАСА, роверот е геолог и астробиолог, опремен да бара знаци од живот на Марс во поранешната делта на кратерот Jezero.

roverot-perseverance-gi-isprati-prvite-fotografii-od-povrshinata-na-mars-i-kraterot-jezero-04.jpg

„Поради денешните возбудливи вести, сега сме еден чекор поблиску до тоа да вратиме примерок од друга планета на Земјата. Не знаеме што ќе ни кажат овие примероци од Марс. Но можат да ни кажат нешто многу големо – вклучувајќи го и тоа дека некогаш, животот постоел и надвор од Земјата“, изјави Томас Зубрухен, еден од научниците во НАСА.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg