Огнено торнадо во Австралија, мачка со простетички нозе - Најдобрите научни фотографии направени во 2020-та

2020-та беше далеку од добра година, но сепак ни донесе навистина неверојатни научни откритија.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-01.jpg

Знаете ли дека минатата година археолозите најдоа фосили од лебарки стари дури 99 милиони години? Минатата година астрономите направија фотографија од создавањето на нова планета, но и фотографија од нашето Сонце со најголемата резолуција досега.

Во продолжение можете да погледнете дел од најдобрите, но и најзначајните научни фотографии за 2020-та година:

Францускиот фотограф Грег Лакур го освои првото место за најдобра подводна фотографија со ова ремек-дело.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-02.jpg

На оваа фотографија се гледаат вселенски гас и прашина во маглината Орел, која се наоѓа на околу 7.000 светлосни години од Земјата. Првата фотографија од оваа област беше направена во 1995-та и беше наречена „Столбови на создавањето“ бидејќи прашината и гасот што се гледаат се во процес на создавање нови ѕвезди.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-03.jpg

Овде се гледаат внатрешните органи на микроорганизмот познат како тардиград, кој има должина од само 1,5 милиметри. Бидејќи ова минијатурно животно речиси и да нема боја, фотографот и научник Аинара Пинтур му дала храна со флуоресцентни бои за да може да го фотографира.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-04.jpg

Неверојатна фотографија од грмотевици над вулканот Таал на Филипините. Фотографијата е направена во јануари, додека вулканот еруптираше.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-05.jpg

Во јануари 2020 беше направена фотографија од нашето Сонце со најголема резолуција досега. Фотографијата е направена со помош на соларниот телескоп DKIST.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-06.jpg

Ова е една од првите фотографии од новиот корона вирус. Фотографијата ја направиле истражувачите во Rocky Mountain Laboratories, користејќи примерок од заразен пациент од САД.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-07.jpg

Овој микроскопски паразит наречен H. salminicola не само што изгледа како вонземјанин, туку е и првото откриено животно на Земјата кое не дише кислород. Во 2020-та научниците првпат детално го разгледаа неговиот генетски код и открија дека паразитот ги изгубил сите гени поврзани со респирација.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-08.jpg

На оваа слика се гледа детектор за неутрино, познат како IceCube. Научниците со години се обидуваат да сфатат зошто неутриното нема маса, па затоа го направија и овој детектор кој се наоѓа под мразот на Антарктикот. На сликата е прикажано како изгледа детекторот без мразот околу него.

najdobrite-i-najznachajnite-nauchni-fotografii-od-minatata-godina-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg