Огнено торнадо во Австралија, мачка со простетички нозе - Најдобрите научни фотографии направени во 2020-та
-->
Во 2020-та година археолозите најдоа неколку лебарки заробени во смола кои се стари околу 99 милиони години. Засега ова е најстариот примерок од лебарки што го имаме најдено.
Можеби препознавате дека на фотографијата се гледа големата црвена дамка на Јупитер. Оваа дамка е всушност бура која трае со векови, а неодамна научниците сфатија дека се намалува. Пред неколку векови дамката била трипати поголема од Земјата, но денес е колку нашата планета.
На 19-ти март 2020, на пролетната рамноденица, Сонцето во Египет зајде веднаш зад познатата сфинга, а резултатот е оваа неверојатна фотографија. Според археолозите, ова е доказ дека древните Египќани внимателно ја одбрале положбата на сфингата во согласност со двете рамноденици во годината.
-->
Ова маче беше најдено во 2018-та година, закопано под сибирскиот снег. Бидејќи било премрзнато, ветеринарите морале да му ги ампутираат сите нозе, ушите и опашката, но во 2019-та тоа си доби протези. Минатата година, пак, научниците кои му ги направија протезите споделија и фотки.
Ова е фотографија направена за време на пожарите кои ја зафатија Австралија и на неа се гледа огнено торнадо кое е последица од нив.
На оваа фотографија се гледа „најдолгото животно на светот“. Ова подводно суштество е од видот сифонофор и на некој начин е колонија од помали организми кои си имаат своја функција, но сепак се однесуваат како еден организам. Обично овие колонии стигнуваат должина до 30-тина метри, но овој примерок е долг неверојатни 45 метри.
Во 2020-та научниците направија и фотографија од формирање на планета. Овде се гледа раѓањето на нова планета околу ѕвездата AB Aurigae, лоцирана на 520 светлосни години од Земјата. Според научниците, планетата се формира во центарот и овој процес ќе трае многу, многу години.
-->
-->
Уште една фотографија од корона вирусот. Според истражување од јули, клетките инфицирани со вирусот пуштаат еден вид пипала кои му помагаат на вирусот да ги зарази и другите клетки. Овие пипала, кои научниците успеаја и да ги фотографираат, прават дупки во околните клетки и му помагаат на вирусот полесно да ги зарази.
-->
Спирова С. | Црнобело / Фото: Live Science
-->
Би можело да ве интересира:
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни)
Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен...
На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца)
Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век
Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20...
Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...