Безжична електрична енергија за целиот свет - како пропадна големиот експеримент, кулата на Тесла?
На почетокот на 20 век, Тесла станал познат по својата работа на наизменичната струја, но тој имал и други големи идеи. Никола Тесла изградил огромна кула за безжично праќање електрична енергија низ целиот свет. Сепак, работите не се одвивале според неговиот план.
Кулата била висока 57 метри. Основата била врамена со дрво, а на врвот имало џиновска топка со дијаметар од 20 метри, направена од челик. Под кулата, под земја имало тунели и систем на железни „корени“ којшто продирал длабоко во земјата. Тесла верувал дека кулата е само почеток на цел еден систем којшто би можел безжично да испорачува струја низ целиот свет.
Во неговата лабораторија во Колорадо работел на експеримент за безжичен пренос, така што се обидувал струјата да ја испрати низ земјата. Од неговите белешки за оваа работа тешко може да се извлечат заклучоци, но се чини дека во најмалку еден наврат експериментот бил успешен. На крај тој се вратил на исток, уверен дека оваа идеја може да ја пренесе во реалноста, во многу поголем размер.
Тесла обезбедил поддршка од 150.000 долари од Џ.П. Морган. Инвеститорот најмногу го интересирала идејата за безжична комуникација. Во тоа време италијанскиот пронаоѓач Маркони, претставил систем за безжична телеграфија, испраќање пораки од бродовите до копното. Но Никола Тесла имал поголеми идеи.
Изградбата на кулата почнала во 1901 година на Лонг Ајленд, она што подоцна ќе биде познато како кулата Варденклиф. Тесла замислил дека тоа ќе биде почеток од мрежа од најмалку 30 кули низ целиот свет. Верувал дека тие кули ќе му овозможат да испраќа струја низ атмосферата, па така секој со опрема би можел да се приклучи, а електричната енергија би била присутна секаде.
Сепак, оваа идеја никогаш не успеала: научните теории на коишто се засновал сонот на Тесла подоцна се раздвоени. Електричната енергија може да се пренесе низ воздухот, но количината на сила којашто е потребна за да се испрати значителна енергија го прави системот непрактичен.
Дури и за да направи обид, на Тесла му биле потребни уште пари, коишто Морган не сакал да ги обезбеди. Имало извештаи за искри коишто летале од кулата, но металната сфера и понатаму стоела на место од мистериозни причини.
Бидејќи финансиите секнале, Тесла го заложил имотот и на крај како што се зголемувале финансиските проблеми, изгубил сè што имал. Новиот сопственик во 1917 година решил да ја уништи кулата со динамит и да ја претвори во метален отпад. После првата експлозија, кулата се закривила кон почвата, а потоа работниците ја срушиле до крај.
(О)Милена | Црнобело