Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Медитацијата е корисна колку и годишниот одмор - Какви придобивки има?

Само 15 минути медитација се поврзани со слични придобивки како од ден на одмор, барем кога станува збор за концентрацијата.

 istrazhuvanje-meditacijata-e-korisna-kolku-i-godishniot-odmor-01.jpg

Според едно ново истражување, од медитацијата и одморот има исти придобивки за нашите ум и тело. Со помош на медитација, луѓето подобро се фокусираат и имаат помалку негативни емоции.

Истражувањето покажало дека медитацијата и одморот се поврзани со поголема благосостојба и среќа.

„Ова истражување е продолжение на поголемо истражување кое го спроведивме јас и моите колеги. За време на тоа истражување, кое бараше секојдневно набљудување во рок од 8 недели, бројни испитаници кажаа дека ќе бидат отсутни на некое време“, изјавил авторот на истражувањето Кристофер Меј.

Поради ова, истражувачите решиле да ги набљудуваат испитаниците додека биле на одмор и далеку од нивните вообичаени работни и училишни обврски.

Истовремено, го испитувале и влијанието на медитацијата и одморот и ги следеле променливите како што се фокусирање, негативни и позитивни емоции.

meditacijata-e-korisna-kolku-i-godishniot-odmor-kakvi-pridobivki-ima-02.jpg

Исто така, ги набљудувале и испитаниците кои медитирале 15 минути секој ден. Во текот на целото истражување, научниците го забележувале здравјето, емоциите и концентрацијата на секој испитаник од крајот на денот.

Во деновите кога испитаниците медитирале, тие пријавиле пониско ниво на негативни емоции како што е раздразливоста. Истовремено, чувствувале повеќе позитивни емоции, како што е благодарноста.

Покрај тоа, забележале и подобрување на нивната концентрација. Истражувачите забележале исти чувства и во деновите кога испитаниците биле на одмор.

„Откривме дека само 15-минутната медитација е поврзана со слични придобивки како и од ден на одмор, кога станува збор за фокусот. И во двата случаи испитаниците беа свесни за својата околина и беа многу смирени“, додал Кристофер.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
„Златната ера“ на НАСА: Ретки фотографии од вселенската трка и првите патувања во вселената Првата вселенска прошетка на астронаут од Америка, Баз Олдрин се подготвува да с...
Синдром на жив мртовец и уште 11 чудни медицински случаи со кои се соочиле лекарите „Во психијатриската болница каде што работам, имаше пациентка со таканаречена фа...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg