18-годишник измисли „паметен“ градник што спасува животи, откако за малку ќе ја загубел мајка си од рак
Секој што некогаш се борел со ракот или посведочил како негов близок се справува со оваа ужасна болест посакал да може да направи барем нешто за да го спречи страдањето или барем малку да му помогне.
Кога на мајката на тогаш 13-годишниот Хулиан Риос Канту ѝ било дијагностицирано рак на дојка, тој тешко се изборил со веста. Но, она што следувало подоцна и воопшто целата битка со ракот била уште потешка.
Кога наполнил 18 години Хулијан решил да се бори со ракот и да ги канализира своите фрустрации во креативна енергија, така што ќе им помогне на безброј фамилии во светот коишто го имаат сличниот проблем.
Раната детекција на ракот на дојката е најдобрата шанса да се победи болеста.
Насочувајќи се во овој правец, Хулијан развил технологија што ќе може многу рано да го дијагностицира ракот на дојка. Заедно со тројца пријатели, тој ја основал Higia Technologies, со цел да развијат начин за да го дијагностицираат ракот пред да стане невозможно третирањето на истиот.
Градникот наречен „Аuto exploration“ (Автоматски испитувач) во себе има 200 сензори коишто ги детектираат суптилните разлики во градите на жените. За овој изум Хулијан и неговите пријатели добиле грант од 20.000 долари, со цел да го продолжат неговото развивање.
https://www.youtube.com/watch?v=jFaHtBwjxVM
Градникот функционира така што корисничките треба да го носат 60 до 90 минути секоја недела. Тој е дизајниран така што ги детектира сите промени во температурата, бојата и текстурата на градите.
Бидејќи туморот го менува протокот на крвта во градите, градникот може да ги забележи тие промени и да ги испрати информациите за промените во апликација којашто ќе ги известува жените за состојбата.
На тој начин, ќе може да се детектира ракот на дојката уште во раните фази на неговото појавување. Паметно момче, зарем не?
(О)Милена | Црнобело