Научници покажаа дека е можна комуникација преку мисли: Како изгледа тоа?

Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон го направија она за коешто тие веруваат дека е првиот посредник за неинвазивна комуникација помеѓу два човечки мозоци, каде еден истражувач може да испрати мозочен сигнал преку интернет за да ги контролира движењата на неговиот колега.

nauchnici-pokazhaa-deka-e-mozhna-komunikacija-preku-misli-kako-izgleda-toa-02.jpg

Овој експеримент претставува прва демонстрација на комуницирање на двајца луѓе директно преку нивните мисли. После долги години истражувања, на научниците од Универзитетот во Вашингтон прв пат во историјата им успеало да пренесат мисли од една личност на друга.

Револуционерниот експеримент бил изведен од страна на професорите Раџеш Рао (на сликата, лево) и професорот Андрео Стока (на сликата, десно).

Експериментот бил составен од неколку последователни чекори, кои се прикажани на илустрацијата подолу. Најпрво, испраќачот на сигналот бил поставен да игра некоја компјутерска игра при што не смеел да притиска на копчињата на тастатурата, туку само сконцентрирано да размислува за тоа.

Електродите кои се прикачени на главата на испраќачот ја мерат неговата мозочна активност. Потоа, мозочните сигнали кои биле измерени од електроенцрфалографот (ЕЕГ), се пренесуваат во компјутерот на примачот на сигналот, кој е во сосема друга просторија.

Компјутерот на примачот потоа го повторува сигналот кој бил снимен кај испраќачот. Посебна програма, односно мозок-компјутер-интерфејс (МКИ), го пренесува сигналот во форма на електрични импулси кои преку транскранијална магнетна стимулација (ТКМС) се пренесени до мозокот на примачот на стимулацијата.

nauchnici-pokazhaa-deka-e-mozhna-komunikacija-preku-misli-kako-izgleda-toa-03.jpg

При експериментот, Рао седел во удобна фотелја и на главата имал капа со многу електроди, коишто ја мереле неговата мозочна активност.

Во друга соба бил Андреа, кој носел гумена капа за пливање при што со помош на транскраниална магнетна стимулација бил стимулиран само тој дел од мозокот кој е одговорен за движење на рацете.

Потоа Рао почнал да ја игра компјутерската игра и кога сакал да го притисне копчето на тастатурата со кое го активира оружјето за стрелање, морал само сконцентрирано да размислува како го прави тоа.

Со помош на компјутерскиот ЕЕГ информацијата се пренела до Андреа, кој несвесно со прстот го притиснал точно тоа копче со кое се активира оружјето во компјутерската игра.

Овој резултат силно ги мотивирал и двајцата научници кои сѐ уште работат на тоа да ја зголемат комплексноста на информациите кои можат да се пренесат од еден човечки мозок на друг.

Нивна желба е во иднина таквата технологија да почне да се употребува за далечинско слетување на патнички авиони во примери кога пилотот на авионот не е способен самостојно да го направи тоа.

Доколку ве интересираат повеќе детали од истражувањето, можете да го прочитате целиот извештај од експериментот тука.


Веста за ова откритие е преземена од месечникот „Science Illustrated“, февруари 2014 при што оригиналната статија е модифицирана и приспособена на македонски јазик.

М. Н. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg