Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научниците створија виртуелна бактерија

naucnicite-stvorija-virtuelna-bakterija

Научниците створија виртуелна бактерија која го имитира начинот  на кој функционираат организмите.

Овој успех на научниците ќе го подобри разбирањето на разни болести и ќе помогне во барање лек.

Компјутерска програма развиена на Универзитетот Стенфорд е идентична реплика на бактеријата Mycoplasma genitalium, вклучувајќи ја и нејзината ДНК и сите други компоненти.

Научниците се надеваат дела оваа симулација ќе им помогне во истражувањето на тајната како функционираат келиите и во откривањето на генетските причини за болестите, како и дека ќе откријат нови терапии кои можат да спречат или да лечат болести.

За подобро да се сфати комплексноста на келиите, професорот Маркус Коверт и неговиот тим одлучија да створат цел циклус на бактеријата M. genitalium, сексуално пренослив паразит, која е одбрана заради едноставноста на структурата.

Информациите за биологијата на бактеријата се земени од 900 научни магазини ипрограмирани во компјутерска симулација. Секоја келија се состои од половина гигабајт информации.

Научниците се надеваат дека овој модел, кој од интернет може да го преземе кој било, ќе биде корисен за биолозите кои истражуваат болести.

1.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Синдром на жив мртовец и уште 11 чудни медицински случаи со кои се соочиле лекарите „Во психијатриската болница каде што работам, имаше пациентка со таканаречена фа...
5 ретки, но многу смртоносни природни феномени Едно мегацунами може да достигне висина и до 30 метри, но, за среќа, овој феноме...
6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg