Лекари откриле рак на дојка кај жена 4 години пред да се развие, со помош на вештачка интелигенција

„Вештачката интелигенција ги гледа местата што лекарите не се во можност да ги видат и го открива ризикот од развој на рак“ – велат лекарите вклучени во програмата во којашто се користи вештачка интелигенција за рано откривање на рак на дојка.

mi-go-spasija-zhivotot-so-pomosh-na-veshtachka-inteligencija-lekarite-otkrile-rak-na-dojka-kaj-zhena-4-godini-pred-da-se-razvie-01.jpg

Унгарските лекари користат вештачка интелигенција за да откријат рак на дојка четири години пред болеста да се развие.

Процесот се нарекува детектирање со компјутерска помош, а со помош на вештачка интелигенција на мамограмите може да се забележат местата каде постои ризик да се развие рак.

Според пишувањата во некои од светските медиуми, тимот лекари забележале дека на истите места што биле одбележани од компјутерот, неколку години подоцна кај пациентите се развивал рак.

Така кај една пациентка бил откриен рак 4 години пред да се развие.

mi-go-spasija-zhivotot-so-pomosh-na-veshtachka-inteligencija-lekarite-otkrile-rak-na-dojka-kaj-zhena-4-godini-pred-da-se-razvie-02.jpg

Станува збор за места што не можат да бидат откриени од лекарите, а по нивното рано откривање медицинските лица утврдуваат кои дополнителни тестови треба да се направат за пациентите да обезбедат потребна превенција од натамошно развивање на болеста.

„Оваа технологија може да погледне подобро на мамограмите и да ги идентификува неправилностите во одредени делови што лекарите би сакале да ги испитаат подетално.

Ова се нарекува детектирање со компјутерска поддршка и за првпат почна да се применува во 90-тите години, но технологијата се подобрува.

mi-go-spasija-zhivotot-so-pomosh-na-veshtachka-inteligencija-lekarite-otkrile-rak-na-dojka-kaj-zhena-4-godini-pred-da-se-razvie-03.jpg

Постојат голем број промени што ги гледаме. Има промени што не се тумори. Не можете на секој пациент што направил мамограм дополнително да му направите и биопсија.

Оваа технологија им помага на пациентите да го откријат ризикот“ – вели докторот Лари Нортон за CNN.

Унгарија како земја има напредна програма за тестирање на рак на дојка врз пациентите, а годишно се спроведуваат околу 35.000 тестирања.

mi-go-spasija-zhivotot-so-pomosh-na-veshtachka-inteligencija-lekarite-otkrile-rak-na-dojka-kaj-zhena-4-godini-pred-da-se-razvie-04.jpg

Во 2021-ва година лекарите почнале да користат системи за вештачка интелигенција со цел да добијат колку е можно поточни резултати во редовните прегледи и да им се помогне на пациентите да ја превенираат појавата на оваа болест.

Освен во Унгарија, вештачка интелигенција во ваквите испитувања се користи и во САД, Британија и повеќе земји од Европската Унија.

Голем број жени коишто се соочиле со вакви тестирања коментираат на социјалните мрежи и велат дека благодарение на вештачката интелигенција успеале да го победат ракот во многу рана фаза.

„Вештачката интелигенција ми го спаси животот. Го откри ракот во првата фаза пред 3 години, па можевме веднаш да го отстраниме со операција. Без зрачење и хемотерапија“;

„Редовно правам целосни прегледи на телото, заедно со прегледи со вештачка интелигенција“ – стои во некои од коментарите.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg