Мадона остави неизбришлива трага во поп културата. Ја критикувале, ја фалеле, ја мразеле и ја сакале. Но таа секогаш остана доследна на себе. Во текот на кариерата менувала многу стилови, фризури и бои и ги поставувала модните трендови од панк-здолништа, преку црн латекс, до егзотични кимона. Никој до тогаш не влијаел на модата како Мадона, која останала дрска и арогантна девојка, решена да го освои светот. Својата кариера ја градела со стратегија на шок и жестоки контроверзии. Овие 10 видео-спотови на Мадона ја одбележаа ерата на MTV и неповратно ја променија поп-културата.