Која деценија беше најдобра за поп-музиката?
Секоја генерација си има своја омилена музичка деценија. Тоа може да биде деценијата на нивната младост, актуелната, некоја постара од нив и така натаму...
Ова прашање некогаш отвора широки дискусии, особено меѓу лица кои припаѓаат на различни генерации или пак меѓу родители и деца, кога им велат „Ова ли ти го нарекуваш музика?“
Некои генерации ги обожаваат „The Beatles“ и „The Rolling Stones“, други се колнат во музиката на „The Smiths“ и „Depeche Mode“, а ги има и оние кои со задоволство ги прифаќаат „Imagine Dragons“ и „Maroon 5“.
Универзитетот во Њујорк се обиде да даде одговор на ова прашање. Победници во оваа категорија се 60-тите, кога според испитаниците на возраст меѓу 18 и 25 години, биле снимени незаборавни песни.
Меѓу песните на кои тие се сеќаваат се „When A Man Loves A Woman“ на Перси Слеџ и „The Tide Is High“ од „Blondie“. Ова е сосема очекувано, бидејќи првата и денес е една од најпопуларните песни, додека втората освен што е вечен хит, во раните 2000-ти доживеа и преработка од тогаш актуелните „Atomic Kitten“.
Кога би се земале предвид повеќе децении, тогаш е периодот меѓу 60-тите и 90-тите, кои дефинитивно се златен период на музичката сцена на глобално ниво и лесно ги препознаваат дури и денешните тинејџери.
Е. Д. | Црнобело