Зад сцената: Тамара Тодевска сподели моменти од снимањето на евровизиската разгледница во Израел
Пред 2 дена, Тамара Тодевска пристигна во Тел Авив и со нејзиниот тим веднаш „се фатија“ за работа со снимањето на евровизиската разгледница со која ќе ја претстават Македонија.
Тамара е веќе 2 дена во Израел и заедно со нејзиниот тим започна со снимањето на евровизиската разгледница, која според фотките и видеото, ветува нешто добро.
На социјалните мрежи, македонската претставничка сподели први фотки и видео „зад сцените“ на снимањето, каде сите се облечени во зелени аутфити и танцуваат во шума и во река.
I had the most amazing time today shooting my Eurovision postcard. A big thanks to the entire team for making me feel so welcome. I am so proud to be part of this incredible journey. #proud #teamtamara #esc2019 pic.twitter.com/2CYXS5TbEJ
— Tamara Todevska (@TamaraTodevska) March 27, 2019
Со оглед на тоа што Македонија ретко има добар сценски настап на Евровизија, оваа година Тамара ќе се погрижи да го смени тоа, а на Твитер сподели со фановите дека не треба да се грижат, бидејќи има одличен тим кој работи со неа, на кој таа е горда.
Hello my prouders. I know everyone is concerned about our staging but worry not. 😁 We have a great team working with us this year and all I can say right now is that I am #Proud.
— Tamara Todevska (@TamaraTodevska) March 27, 2019
❤ #teamtamara #esc2019
На нејзиниот Инстаграм профил, таа ги откри профилите на екипата која ја придружува во снимањето на разгледницата.
Со нетрпение чекаме да го гледаме настапот на Тамара на Евровизија 2019 и да навиваме за #teamtamara!
М. М. | Црнобело