Како изгледаат Тамара и нејзиниот тим на портокаловиот тепих во Тел Авив? (фото)
Фенси фустани, одела, впечатливи фризури и драматична шминка – претставниците на Евровизија 2019 се појавија на портокаловиот тепих во гламурозни изданија.
Денес сите земји учеснички на Евровизија 2019, се подготвуваа за гламурозно појавување на портокаловиот тепих во Тел Авив, а Тамара на нејзиниот Инстаграм објави селфи од неа и дел од тимот.
Облечена во црно здолнише во комбинација со црно сако, фатена коса и црни очила за сонце, пејачката објави дека е подготвена за церемонијата.
Традиционално, земјата домаќин организира голема свеченост за да им посака добредојде на сите изведувачи, делегации, новинарски екипи и на фановите на музичкиот натпревар.
Свечената церемонија за добредојде се одржува на Habima плоштадот во Тел Авив, каде што учесниците се пречекани од градоначалникот и останатите организатори.
На „црвениот-портокалов“ тепих претставниците на 41 земја се појавија во гламурозно издание, а Тамара со нејзиниот цел тим изгледаат прекрасно и впечатливо.
Посебен впечаток остави еден од придружните вокали на Тамара, Васил, кој беше облечен во црно одело, со црна круна и необична шминка, а на социјалните мрежи сите објавија по некоја фотка од вечерта.
Целиот евровизиски тим на Македонија изгледаше прекрасно во црно на портокаловиот тепих во Тел Авив:
М. М. | Црнобело