Како песните стануваат популарни во светот и покрај лошите текстови?
Велат дека кичот постои откога постои и уметноста. Некои сметаат дека кичот е дел од уметноста, ниската уметност поврзана со необразовани општества. Кичот можеме да го дефинираме како мост помеѓу високата уметност и необразованиот свет.
Во сите видови на уметност кичот е лесно препознатлив, иако ова не мора да биде правило. Понекогаш е тешко да се утврди дали некое дело е дел од висока уметност или само кич.
Кичот е секаде околу нас, а особено во музиката. Музиката денес е гранка на индустријата. Побарувачката е висока, а доколку авторот не прави албуми на секои две години, тој повеќе не постои.
За што, всушност, се пее, и како песните стануваат популарни и покрај лошите текстови?
Се пее за мамење, љубовни интриги и други теми полни со клишеа, без трага од емоции и ставови надвор од какви било морални норми кои, малку по малку, водат кон апатија.
Ова се случува, бдејќи музичката сцена ја исполнуваат луѓе, претежно бизнисмени, кои сакаат да заработат брзи пари.
Така го имаме феноменот на младиот бог на тинејџерките, Џастин Бибер, кој за многу кратко време добива огромно богатство од песна која се состои од еден или два збора кои се повторуваат. Замислете, цел тим на т.н. експерти работеле на овој текст.
Текстовите повеќе не мора да имаат никакво значење, што всушност не е ништо ново. Додека е мелодијата „добра“ не се обрнува многу внимание на текстот.
Ова е демонстрирано од страна на вработените во радио-станицата BBC 6, кои го проучувале влијанието на текстот врз комерцијалниот успех на песните, па е така составена листа на најуспешни песни со најлоши текстови. Истражувањето се однесувало само на англиското говорно подрачје.
Еден од заклучоците извлечен од експериментот бил дека и во осумдесеттите години се пишувале текстови кои би ги разбрале и деца од 12 години, а денес границата е намалена на 3-годишна возраст.
Колку навистина размислуваме за она што го слушаме?
Не се само текстописците криви за сегашната ситуација. Инструментите се поевтини, а постојат и компјутерски алатки кои помагаат во процесот на креирање на музика, без неопходно познавање на основите на музичката теорија. Со две или три инструкции од Интернет секој може да се обиде да создаде музика, без премногу проблеми.
Оркестрите се заменуваат со една компјутерска програма, како и човечкиот глас, со што се губи емоцијата. Овој феномен на исфрлање на човекот од музика е сè повеќе присутен кај популарните бендови.
Уште во седумдесеттите години на минатиот век, а веројатно и пред тоа, имавме неколку песни без промена во ритамот и динамиката. Во осумдесеттите години се јавуваат песни со секвенци од неколку секунди кои постојано се повторуваат.
За денешната песна да биде успешна мора да има текст што може да го разбере тригодишно дете и постојан ритам со едноставна мелодија која периодично се повторува.
Ширум светот постојат групи на музички образовани луѓе кои сакаат да ја вратат вистинската музика. Светски познатите симфониски оркестри ги обработуваат најпознатите рок и поп песни во класична форма, со цел да ја демонстрираат моќта на класичните дела.
На овој начин се обидуваат да ја привлечат публиката и да ја заинтересираат за вистинската, високата уметност.
Ашера | Црнобело