Кои се најхаризматичните фронтмени во рок музиката?
За некој да биде одличен фронтмен треба да поседува харизма. Луѓето често ги мешаат големите и харизматичните фронтмени. На пример, Лу Рид, Иан Кертис или Лиам Галагер се неверојатни фронтмени, но не се водат како „харизматични“.
Харизматичните луѓе нè движат, нè мотивираат или нè смируваат. Поради нивната харизма некои прекрасни моменти во музичката историја остануваат вечни.
Ова е субјективна листа на најголемите рок-ѕвезди на сите времиња кои се, или биле, најхаризматични фронтмени:
Фреди Меркјури
Дали некогаш постоел похаризматичен фронтмен од Фреди Меркјури? Тешко! Пејачот, роден во Занзибар, имаше неверојатен глас, во распон од четири октави, кој доаѓаше до израз во песните како „Bohemian Rhapsody“.
Меѓутоа, гласот на Меркјури не беше единственото нешто што го правеше харизматичен. Тука голема улога играше и неговата појава. Тој промени многу стилови (од долга коса до кратка, залижана коса и мустаќи), но целата енергија која ја поседуваше најмногу до израз доаѓаше на концертите.
Мик Џегер
Легендарниот Мик Џегер е типичен рокер чиј живот се вртеше околу секс, дрога и алкохол. И покрај тоа што денес има 75 години, тој сè уште скока на концертите како на почетокот на неговата кариера.
Можеби неговите движења не се перфектни, но токму со нив ги инспирираше Maroon 5 да напишат песна во чест на неговите движења, а ги воодушевуваше и другите икони како Тина Тарнер и Дејвид Боуви.
Стивен Тајлер
Фронтменот на бендот Aerosmith го поседува икс факторот. Неговиот глас и врескање сè уште можат да ја освојат публиката, како и неговиот екстравагантен изглед.
Aerosmith е група на рок-легенди, но секогаш се вртат околу Тајлер, кој медиумите го нарекуваат „Џегер за сиромашните“. Жените отсекогаш го почувствувале неговиот магнетизам (иако многу помалку денес), поради што бил сметан за неодолив секс симбол.
Ози Озборн
Денешниот Ози е познат како збунетиот татко на реалното шоу „The Osbournes“, но вистинските љубители на рок музиката го познаваат како фронтмен на Black Sabbath.
Предводејќи го бендот, кој создаде потполно нов музички жанр, Ози го добива прекарот „Принцот на темнината“. Тој отсекогаш беше контроверзен, без разлика дали се работело за дрога или жени, а контроверзиите секогаш ги привлекувале луѓето.
Џим Морисон
Морисон веројатно беше најхаризматичен пејач во неговото време, а неговата харизма беше дополнително засилена по неговата смрт. Имал само 27 години.
Не е тајна дека Морисон имаше голем проблем со алкохол и дрога, но неговите фанови никогаш не му замерувале на тоа, напротив, многумина сметаа дека тоа е дел од неговиот шарм. Неговите изведби беа магични, а тој самиот се вклопуваше во психоделичната музика на групата „The Doors“.
Иги Поп
Иги е познат како кумот на панк музиката, а самиот е еден од најдинамичните музичари на сцената.
Неговите изведби на „Lust for Life“ се нешто што треба да се доживее за да се почувствува неговата харизма.
https://www.youtube.com/watch?v=RhjNmgNFCYQ
Ашера | Црнобело