Александра Јанева ранета: „Ни букет од рози не те пере сега“

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови“, нумера која денови наназад ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ја воодушеви публиката на прво слушање. 

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-08.jpeg

„Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“. - вели Александра. 

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-06.jpeg

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-25.jpeg

Авторскиот тим кој се потпишува за ова ремек дело се: музика и текст - Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент - Лазар Цветкоски, а видеото, пак, кое е приказна за себе и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски.

aleksandra-janeva-raneta-ni-buket-od-rozi-ne-te-pere-sega-18.jpeg

Кариерата на Александра Јанева во последните неколку години доживеа вртоглав успех, но пејачката не застанува тука. Напротив, веќе одреден период работи на нова музика и песни кои наскоро ќе го здогледаат светлото на денот, а дотогаш, уживајте во „Дождови“. 

Би можело да ве интересира:

Наум Петрески: Чувајте ја македонската песна бидејќи нема кој друг да ја чува! „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ не звучела никогаш помоќно од сега – отпеана о...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
Песни кои „полнат“ 20 години во 2024-та – Која ви беше омилена? Заразната Gasolina која или ја мразевте или многу ја сакавте, но и Toxic на Брит...
Бојана Скендеровски ја промовираше новата балада „Лажни светови“ „Лажни светови“ е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрал...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Војаж со него ја започна големата кариера: Нашиот Јосиф се враќа на голема врата! (24.07.2023) Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го осв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg