Зошто Селин Дион не сакала да ја отпее „My Heart Will Go On" - химната на љубовта?
Вториот најпродаван сингл на женски изведувач во историјата и осмиот најдобро продаван сингл „My Heart Will Go On“ стекна популарност еднаква како и филмот „Титаник“. Меѓу 11 Оскар награди, зема Оскар и за најдобра песна, Златен глобус и Греми.
Композиторот, Џејмс Хорнер, првично ја компонирал оваа музика како инструментален мотив кој се појавува во неколку сцени во „Титаник“. Тема била инспирирана од песната „Flying Dutchman“ на Jethro Tull.
Интересно е тоа што, кога Селин Дион за првпат ја слушнала песната, не сакала да ја сними, бидејќи сметала дека ќе ја „предизвика среќата“ ако испее уште една голема филмска тема после песната „Убавицата и ѕверот“ од истоимениот анимиран филм.
Менаџерот и сопругот на Селин Дион, Рене Анѓелил, успеал да ја убеди пејачката да сними демо верзија. Првично Џејмс Камерон не сакал да има таква песна во филмот, но кога ја ислушал неколку пати сепак ја одобрил.
„My Heart Will Go On“ станал најголем хит на Селин Дион и еден од најдобро продаваните синглови во историјата, со продадени повеќе од 18 милиони примероци.
Канадската пејачка станала единствената женска пејачка со продадени два милиона синглови во Британија, а овој рекорд го задржа до 2012 година, кога ја престигна Ријана, со Only Girl (In the World)“ и „We Found Love“.
Yahoo.com ја опишува песната како „моќна балада која совршено го пренесува љубовниот копнеж присутен во филмот Титаник“.
Сепак, оваа песна не ја сакале сите. Читателите на списанието „Rolling Stone“ во 2011 година ја прогласиле за седма најлоша песна од деведесеттите години.
Дури ни Кејт Винслет, која ја играла главната женска улога во филмот „Титаник“ (Роуз), не била обожавател на песната. „Би сакала да кажам: „Слушајте ја сите! Тоа е песна на Селин Дион!“ Но не го кажувам тоа.
Што за неа значи „My Heart Will Go“, Селин Дион најдобро го опишала во една реченица: „Песната ми даде можност да ме поврзе со класикот што ќе живее засекогаш“.
https://www.youtube.com/watch?v=DNyKDI9pn0Q
Ашера | Црнобело