Додека повеќето веќе по првите тактови ќе ја препознаат композицијата „За Елиза“ на Лудвиг ван Бетовен, ретко кој може да се каже со сигурност која била жената на која и било посветено ова дело. Композицијата е објавена во 1865 година, 38 години по смртта на Лудвиг ван Бетовен. Делото го пронашол писателот Лудвиг Нол, кој тврдел дека оригиналниот ракопис, потпишан од страна на Бетовен, датирал од 27 април, 1810 година. Бројни истражувачи дошле до неколку имиња и приказни за љубовниот живот на познатиот композитор кои би можеле да ни објаснат која била, всушност, Елиза.