Причина број 1 зошто Македонија има шанси да победи на Евровизија
Најпознатиот музички портал Billboard направи прогноза кои 12 песни од двете полуфинални вечери на Евровизија имаат потенцијал да бидат победници на годинешното издание во Тел Авив.
На листата се најде и нашата држава.
Објаснувањето зошто Македонија може да победи гласеше:
Ова славење на жените во време на движењето #MeToo ќе освои многу од гледачите што гласаат, како и од судиите во професионалното жири.
Инаку, покрај нашата држава на оваа листа како потенцијални победници се најдоа и Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Швајцарија, Шведска и Холандија.
Најдобриот пласман на Македонија беше во 2006 година кога Елена Ристеска нè претставуваше со песната „Нинанајна“ и заврши на 12-тото место.
Ако Тамара годинава успее да се пласира во финале, тоа ќе биде прв пласман на Македонија од 2012 година.
Погледнете и Видео интервју со придружните вокали на Евровизија: „Очекуваме пласман во финале“!
С. С. | Црнобело