По скандалот со победниците, Црна Гора избра песна од Дарко Димитров за Евровизија 2025
Ова ќе биде 14-то учество на Дарко Димитров на Евросонг, кој низ годините, освен за македонските претставници, работеше и на песните на претставници на Србија и Албанија.
Откако NeonoeN, победниците на црногорскиот избор за песна на Евровизија се повлекоа по скандалот дека настапиле со веќе изведувана песна, Црна Гора има нов евровизиски претставник.
Нина Жижиќ ќе пее во Швајцарија, а еден од авторите на нејзината песна Dobrodošli е нашиот продуцент Дарко Димитров.
Ова ќе биде 14-то учество на Дарко на Евросонг, кој низ годините, освен за македонските претставници, работеше и на песните на претставници на Србија и Албанија.
Песната на Нина, беше второпласирана на „Монтевизија“, а таа имаше максимални 12 поени од стручното жири.
Ова ќе биде второ учество на Нина на Евровизија, откако во 2013 година пееше во Малме заедно со хип-хоп групата Who See, а ја испеаја песната Igranka, но не се пласираа во финалето.
За потсетување, на црногорскиот избор победи анонимната група NeonoeN, за која ретко кој во регионот имаше слушнато до „Монтевизија“.
Но, брзо по нивната победа се испостави дека победничката песна веќе била изведувана, што се коси со правилата на организаторот.
И додека се чекаше финалната одлука од организаторите на Евросонг, NeonoeN решија да се повлечат, а Жижиќ беше прогласена за нов црногорски претставник.
Слушнете ја нејзината песна:
Прочитајте и Скандал на црногорскиот избор за Евросонг: Победи непознат бенд, најдобрата пејачка заврши со 0 поени
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм