„Сè е возможно" е најновата песна на Јана Спирковска којашто беше издадена на 30 јуни
Новата композиција на Јана Спирковска е дело на авторскиот тим Наташа Миха и Дамир Пух, а зад видео записот и монтажата се потпишува Александар Спасенцовски.
„Самиот процес на создавање на оваа песна беше многу спонтан и интересен и можам да кажам дека целосно се реализира мојата првична идеја.
Пораката која што сакам да ја испратам со оваа е песна е дека треба луѓето повеќе да веруваат во себе, да бидат она што посакуваат да бидат и да знаат дека се е возможно.
Оваа песна можам да кажам дека ми е најдрага до сега бидејќи најмногу ме опишува мене како личност.
Целата замисла на спотот беше да се долови диско атмосфера која што ќе одговара на ритамот на песната и да има што поприродни сцени.Сцената во диското е снимена во Club Pure. Главниот лик кој што се појавува во спотот заедно со Јана е Јован Фичорски.
Голема благодарност до сите што помогнаа за реализирање на овој проект меѓу кои се Бадел Македонија, Club Pure, Shiny Macedonia и The One Luxury Suites and Apartments by Cvetkovic.
За многу кратко време имам во план да реализирам уште една песна која што ќе биде исто така на македонски јазик“.
Јана Спирковска до сега има издадено 5 авторски песни, сите во поп жанр и на македонски јазик, и има учествувано на "Макфест" на кој што се има преставено со песната "Дел од себе".
Јана веќе три години има свој бенд со кој што настапува насекаде низ Македонија и кој го носи името "Паблик Бенд".
Слушнете ја новата песна: