По 6 години неуспешни обиди: Тамара ја однесе Македонија во финале на Евровизија
Тамара Тодевска нè направи горди... Со маестралниот настап на евровизиската сцена и вокалната доминација, таа влезе во финалето на Евровизија 2019.
Македонија последен пат влезе во финалната вечер на Евровизија во 2012 година со песната „Црно и бело“ на Калиопи.
Сега, 7 години подоцна нашата држава повторно ќе има шанси да се натпреварува во финалето на оваа престижна музичка манифестација. Тамара Тодевска покажа што значи моќна песна, вокална доминација и едноставен, но ефектен настап.
На сцената во Тел Авив таа се претстави во вистинско светло како искусен и самоуверен музичар, а публиката и стручното жири го препознаа и го наградија тоа.
На 16-ти мај Тамара ќе настапи во Тел Авив. Македонија е горда на неа!
Прочитајте и Како странските медиуми ја претставија Тамара - 10 факти кои ги открија пред Евровизија 2019!
С. С. | Црнобело