Евровизискиот комплет на Марија од Eye Cue се продава за 5.000$ на eBay
Костимот кој го носеше Марија od Eye Cue на евровизискиот настап минатата година е ставен на продажба на eBay по цена од 5.000 долари.
На официјалниот Инстаграм профил на Eye Cue е објавена фотка со линк кој носи до eBay, каде фановите можат да го купат костимот со кој Марија настапи на Евровизија во Лисабон.
На евровизиската сцена, пејачката носеше розово палто, а под него имаше едноделен костим кој бил шиен 2.000 часа.
Иако според нив ова е иконско ремек-дело, сепак тие ја освоија наградата за најлошо облечени претставници на Евровизија 2018.
Двата дела сега се ставени на продажба на eBay и може да се купат за цена од 5.000 долари плус 127 долари испорака.
Инаку, тие ја претставија Македонија со песната Lost and Found и го освоија 18-тото место на полуфиналната вечер.
М. М. | Црнобело