Наградата за најлошо облечени на Евровизија 2018 ја добија претставниците на Македонија
На 18-ти мај Eye Cue ја претставија Македонија на првата полуфинална вечер на Евровизија, но за жал не успеаја да се пласираат во финале.
Па, како тоа да не беше доволно, долго потоа се зборуваше за лошиот моден избор и стајлингот на преставниците.
Но, очигледно не остана само на критики од страна на фановите и експертите, туку успеавме и да „заслужиме“ награда за тоа.
Од гледачите било побарано да гласаат за оној кој сметаат дека е најлошо облечен претставник, од сите 43, а кој ќе има најмногу гласови, ќе биде „победеник“ на 22-рата Barbara Dex награда.
На повеќето од нив, најмногу им паднал во очи аутфитот на Марија, кој сметаат дека воопшто не бил складен во целина.
За потсетување, Марија на настапот носеше розово палто комбинирано со кратки сребрени шорцеви, а кон средина на настапот го соблече палтото и го откри и сребрено-светкавиот мрежест топ, со многу различни шари.
Дизајнер на креацијата на Марија е Александар Бимбилоски, а по големиот број критики, тој се огласи на неговиот Фејсбук профил и напиша дека според него претставниците на Македонија никогаш не изгледале помодерно:
Сакам само да се заблагодарам до мојот Dream Team за исполнувањето на еден од моите најстари сништа Bojan Trajkovski...
Posted by Alek Bimbiloski on Thursday, May 10, 2018
Сакам само да се заблагодарам до мојот Dream Team за исполнувањето на еден од моите најстари сништа Bojan Trajkovski...
Posted by Alek Bimbiloski on Thursday, May 10, 2018
По Македонија, во топ 5 добитници на наградата се најдоа Австралија, Белгија, Црнагора и Израел.
Сепак, не е првпат нашата земја да ја добие оваа награда, со оглед на тоа што претходно ја доби и Мартин Вучиќ, кога ја претставуваше Македонија во 2005-та година.
М. М. | Црнобело