Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел)
Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ од Калиопи, а Елвир Мекиќ направи своја верзија на хитот на Драган Мијалковски „Кажи нешто драга“. Кои други познати македонски песни добија нова верзија низ годините?
Песните кои ни будат носталгија по едни поинакви музички времиња секогаш ги слушаме со задоволство. Ја сакаме оригиналната мелодија, бојата на гласот на оној што ја испеал, нè наежува неговата емоција...
Но, и новите верзии на песните живеат, а помладите генерации кои се навикнати на нив многупати тврдат дека токму таа песна е подобра од старата...
Па така, Брејк и Кристина Арнаудова ја преработија „Ако не исчезнам“, песната што Маријана и Росана ја испеаја со Тоде Новачевски, а Брејк ја препеа и „Лебедот бел“ од Пере.