Што се крие зад новиот спот на бендот? Откријте го први мистериозниот момент! - Интервју со Филип Стојковски, фронтмен на The Solution од Куманово
1. Би можеле ли да ни кажете како дојдовте до вашето име на бендот?
После извесно време на проби кај бубњарот и после склопување на репертоарот на бендот седнавме сите заедно и го размисливме мојот муабет што го кажав на македонски а тоа е дека ние би биле решение за забавите. Па така автоматски само зборот решение го префрливме на англиски јазик и го добиме името на бендот “The Solution”.
2. Колку членови брои бендот и дали би можеле да ни кажете нешто повеќе околу самите вас ?
Бендот брои пет члена и тоа: Филип Стојковски на гитара, Никола Стојковски клавијатури и бас гитара, Ивана Стојановска вокал,Иван Михајловски тапани и Филип Гелевски вокал. Воглавном сме фамилија и блиски пријатели соберени за да ја свириме и правиме музиката што ја сакаме. Комбинацијата меѓу машки и женски вокал е онаа сто ние мислиме дека не прави специјални но тука би ја додале и енергијата која ја носиме на сцена.
3. Пред некое извесно време настапивте на Макфест, како дојде до таа идеја ?
Веќе некое време ја имавме спремно песната во студио кај нашиот пријател Филип Стевановски кој всушност ја има напишано песната а заедно со нас по неколку преправки дојдовме до овој резултат. Песната се вика “Ти и јас”. Кога рамисливме како да ја промовираме песната во нашава држава ни текна на познатиот музички фестивал Макфест. Веднаш аплициравме и ете влеговме и настапивме.
4. Како се чуствувавте за време на настапот и после него?
Самиот настан беше одлично организиран и благодариме на сите што беа таму во организацијата и оркестарот кој им даваше други димензии на самите песни.За нас настапот пројде одлично и енергично, нормално дека постоеше мала доза на позитивна трема, сепак настапуваме првпат со своја авторска музика. Впечатоците продолжија и после настапот добивме позитивни критики за настапот и самата песна.
5. Слушнавме дека се спрема видео запис за самата песна, ќе ни откриете нешто повеќе?
Да да, така е веќе самиот спот е во изработка, пред извесно време ги снимивме сите кадри а сега моментално е во процес на монтажа и корекција на слика. До идеја и желба за спот дојдовме веднаш после наспапот на Макфест на само враќање накај дома. И нормално таа идеја јас ја преточив во реализација. На спотот работат наши драги пријатели Емил Пачковски и Александар Ѓелевски.
6. Кога би можеле да очекуваме дека ке излезе видео записот?
Се надеваме дека работите ке продолжат како и до сега, така да во првата половина на месец декември спотот ке биде излезен. Многу сме среќни што успеавме да го реализираме и оваа, така да се надеваме дека ке и се допадне на публиката.
Слушнете ја песната во продолжение: