Дарко Андонов ДААН во дует со младата Тијана Периќ го промовираа новиот сингл „Кога знам“ – освежување на македонската музичка сцена
Дарко Андонов или попознат како ДААН заедно со младата Тијана Периќ вчера (03.04.2024) го промовираа нивниот нов сингл и видео запис за песната „КОГА ЗНАМ” - нумера во која доминира модерен и специфичен ритам.
Како автор на песната се појавува самиот Дарко Андонов заедно со неговиот соработник Кире Јакимов.
Музиката е дело на Дарко, текстот го пишуваа заедно со Кире Јакимов, додека за аранжманот се погрижи исто така Кире Јакимов.
Како што наведува Дарко, инспирацијата за текстот на песната е добиена од секојдневието на многу парови, кои се соочуваат со разни предизвици и одговорности во нивните врски, а исто така и недостатокот на посветеност и работа за една врска да опстои подолг период.
Музиката и аранжманот на самата песна се инспирирани од најновите музички трендови, каде доминира модерен и специфичен ритам, надополнет со музика во вистинска смисла на зборот.
Целта на ДААН е да ги вклопи новите музички трендови со онаа вистинската музика која има оставено печат на овие простори.
Песната е снимена во студиото на Дарко Андонов, DAAN MUSIC PRODUCTION кое е лоцирано во Скопје.
Видеото за песната е работено во соработка со Дарко Димитриевски, а сценариото и режијата се на Дарко Андонов.
Инспирацијата за самото видео, како што вели Дарко, е и самиот текст на песната, со што е овозможено на публиката да ја почувствува песната како аудио, така и визуелно.
Погледнете го видео-записот за песната на Дарко и Тијана:
Во однос на плановите за во иднина, Дарко и Тијана велат дека ова е само почеток на нивната меѓусебна соработка и веќе се работи на неколку нови проекти кои публиката треба да ги очекува во тековната година.
Да потсетиме дека и ДААН и Тијана Периќ во претходниот период имаа објавено по неколку песни како солисти, меѓутоа ова е нивна прва соработка.