Поради грешка во гласањето на Евровизија: Македонија е победник од жири и 7-мо место
ЕБУ (Европската радиодифузна унија) се огласи официјално и прогласи дека имало грешка во гласањето од страна на Белорусија.
Грешка која Македонија ја направи победник од жири и официјално ја стави на 7-мото место од табелата.
Жирито од Белорусија беше распуштено поради човечка грешка која не можела да биде предвидена, а беше откриено и дека нивните гласови се контрадикторни на правилата на Евровизија.
Инаку, ЕБУ е конфедерација на 75 радио-дифузни организации од 56 земји и уште 43 придружни членки од други 25 земји од светот. Таа не е поврзана со Европската Унија. Членки на ЕБУ се радио и тв компании, повеќето од нив се јавни радио дифузни сервиси, но во ЕБУ членуваат и приватните радио и телевизиски станици.
Македонија е полноправна членка на ЕБУ од 1993 година.
Официјалното прогласување и известување погледнете го ТУКА.
Резултатите на првите 4 земји остануваат непроменети, но Македонија и нашата Тамара се искачи на 7-мата позиција, од 8-ма.
Исто така, Македонија беше прогласена за победник од жирито на Евровизија.