Холандија ни ја зема победата пред нос, но Тамара е нашиот победник вечерва!
Заврши уште едно издание на спектакуларно евровизиско шоу, оваа година одржано во Тел Авив. Со победа си замина Холандија.
Она што на сите им ги наполни срцата е високиот пласман на Тамара според гласовите од земјите, која долго време се бореше за првото место со Шведска и Италија во табелата.
Сепак, со гласовите од публиката, работите брзо се променија и Шведска и Холандија се бореа за првото место, кое го освои Холандија со 482 гласа.
Македонија никогаш не доживеала толку голем успех, а фановите до последен момент со нетрпение ги пратеа гласовите. Тамара освои 8-мо место со 295 гласови.
Радост која веројатно не се ни надевавме дека ќе ја искусиме, додека не ја видовме нашата земја на врвот од листата со бодови. Се поклонуваме пред тоа што го остави срцето на сцена!
Со вкупно 482 освоени поени, убедлив победник за 2019-та беше Данкан Лоренс со песната Arcade.
Како звучеше изведбата и како изгледаше победничкиот настап: