25 години по победата на „Макфест“, Јован Јованов со Пајак сними нова верзија на хитот „Магија“
Откако Јован Јованов и групата „Магија“ победија на Макфест 1998 со истоимената песна „Магија“, тој сега ја преработи заедно со еден од најпопуларните млади пејачи кај нас, Пајак.
Христијан Настески - Пајак и продуцентот Јован Јованов, заедно го препеаја хитот „Магија“, кој беше победничката песна на Макфест во 1998 година.
Ова е првпат Јован да пее по 14 години пауза.
Тој во меѓувреме работеше само како композитор и продуцент.
„Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, вели Јован.
Новиот аранжман на песната го направи братот на Јован, Иван Јованов - Ивајо.
Песната и спотот ги промовира „Урбан рекордс“. Во видеото се вклучени снимки и од оригиналниот настап на групата „Магија“ од Макфест 1998, а се појавува и Марјана Станојковска.
Погледнете го спотот за „Магија“:
А. Ј. | Црнобело