Продуцент на Евровизија раскажува работи кои ние не ги гледаме - од организација до непланирани ситуации
Дали некогаш сте размислувале на тоа кој ја има улогата за организација на Евровизија, планирање на сценските настапи, проби, кој се соочува со непланирани проблеми и скандали и како изгледа сето тоа?
Продуцентот на Евровизија игра многу важна улога во целата организација на натпреварот, а веќе 5 години по ред, истата ја има Кристер Бјоркман од Норвешка, што го прави најискусен во историјата на Евровизија.
Можете ли да замислите како изгледа да се организира совршено Евровизија, да се задоволи вкусот на сите делегации кои се натпреваруваат, како и на публиката и гледачите на малите екрани.
На официјалната страна на Евровизија беше објавено интервју со продуцентот, кој одговара на неколку интересни прашува и ја доловува неговата улога и целата организација.
За креирање сценографија за учесниците...
„Прво мора да соберете идеи за сценографијата од сите делегации, ако воопшто ги имаат. Некои немаат. Некои се многу конкретни во желбите, а други само велат ‘сакаме нешто убаво’.“ – вели продуцентот кој откри дека потоа ги преслушува сите мелодии и создава визии.
„Потоа, мора да се набават реквизити и идеите да се реализираат, а тоа мора да биде изведено доволно брзо, но со многу внимание. Откако имаме сценографија и реквизити, правиме аудиција на локални артисти кои ќе ги заменуваат вистинските за да видиме како сето тоа ќе изгледа, а снимка за преглед ѝ испраќаме на секоја земја.“ – продолжува тој.
Зошто се прават две проби?
Продуцентот открива дека откако сите овие работи се завршени, потоа влегуваат во фаза на проби – по две проби за секоја земја.
По првата проба, влегуваат во соба за гледање и прават корекции кои може да бидат големи, а по втората проба веќе нема толку големи и значајни промени.
Што се случува ако работите тргнат наопаку и не одат по план?
Кристер открива дека е нормално да се случуваат проблеми, но успеваат да се справат добро и гледаат да мислат на сè однапред.
„На пример, во 2015-та во Австрија, мораа да ја стават Шведска веднаш по паузата за реклами, бидејќи беше потребно повеќе време за ѕидот кој требало да се постави на сцена. Мора да се размислува и на екипата од бекстејџ бидејќи имаат само 40 секунди за менување на сцената.“
Која земја има најкомплицирана сценографија оваа година?
„Сите! Оваа година е најкомплицирана од сите досега. Ова е моја петта година како продуцент, а оваа е најтешка.“ – открива тој.
Како потешки тој ги издвојува сценскиот настап на Австралија, кој вклучува лебдење и вртење на 3 шипки, Данска исто така смета дека е комплицирана заради големото столче, како и Шпанија за која треба да се намести куќа.
Кој е најголемиот предизвик со кој се соочил како продуцент?
„Кога земјата не е среќна. Не е важно каков резултат ќе се добие, ако учесникот не е горд на своите 3 минути, мора да живеат со тоа до крајот на животот. Тоа ми е примарна цел, да ги направам сите среќни, независно на кое место ќе завршат. Тоа е најтешкиот предизвик.“
Целото интервју прочитајте го ТУКА.
M. M. | Црнобело